Светскиот Македонски Конгрес (СМК) на 30 септември бојкотирајте незаконскиот референдум

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) информира дека од 9 август 2018 година започнува проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на неуставниот и незаконскиот референдум на 30 септември. Увидот ќе трае до 23 август 2018 година до 24:00 часот.

СМК ги повика македонските државјани, во татковината и во светот, да ги проверат податоците во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во него. Проверката на податоците може да ја направат преку веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) https://izbirackispisok.gov.mk/ и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

Барањата за измена, дополнување или бришење на податоците во избирачкиот список, македонските државјани во Републиката ги поднесуваат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Македонските државјани кои се на привремена работа или престој во странство, можат да достават пријава, своерачно потпишана до најблиските амбасади и конзулати на Македонија или испратена по електронски пат преку веб апликација на ДИК.

Амбасадите и конзулатите во рок од два дена по завршување на увидот треба да ги достават пријавите електронски до Министерството за надворешни работи (МНР), а МНР, пак, најдоцна до 27 август треба да ја извести ДИК.

Македонските државјани во светот за референдумското прашање ќе гласаат на 29 септември 2018 година од 7.00-19.00 по домашно време. СМК апелира до сите: Проверете дали сте на избирачкиот список и ако не сте пријавете се, но не гласајте на денот на референдумот! СМК повикува на општ и безусловен бојкот и масовна неизлезеност на референдумот во татковината и во целиот свет!

Прашањето “Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?” што значи промена на името на државата и идентитетот на нацијата НЕ ЗАСЛУЖУВА ОДГОВОР! Промената на името и идентитетот значат најтешко кривично дело велепредавство на државата и нацијата, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува!

Ако гласате на референдумот, гласате за самопоништување, никогаш нема да се ослободите од гревот во потсвеста за историското велепредавство на (на)родот од кој потекнувате, на генерациите Македонци пред Вас и на генерациите Македонци по Вас! ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Не подлегнувајте на искушенијата за ЕУ и НАТО од бриселската бирократија, странските мешетари и домашните велепредавници: врховисти и колаборационисти, кои ќе ве бомбардираат со немилосрдна пропаганда! Бојкотот и масовната неизлезеност на референдумот значат оставка на Владата и распуштање на Собранието! А, кога тогаш, Идризово не им бега, злосторството никогаш не им престанува! Ќе се гонат до крај, нема место во светот каде што може да се скријат и да избегат од одговорноста, ниту пластичен хирург што може да им го смени личниот опис! Така и Визентал ги бркаше нацистите и фашистите од Втората светска војна! Правдата ќе биде задоволена!

Advertisement