Светскиот Македонски Конгрес во областа Гора и Призренска Жупа од векови живеат Македонци

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) за пародија ја оценува посета на потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова на Косово, во потрага по “бугари“ во областа Гора и Призренска Жупа во Косово каде што од векови живеат Македонци, по вероисповед муслимани!

СМК за злосторство против човештвото ја смета злоупотребата на бугарските пасоши и стипендии како изнуда за декларација за “бугари по потекло“ на луѓе кои не се бугари и никогаш нема да живеат во Бугарија, туку поради социјални причини и невработеност ќе заминат за земјите од Западна Европа и Соединетите Американски Држави!

СМК потсетува дека, во Албанија, на Косово и во Македонија “етнички бугари“ нема, како што никогаш и не биле!

СМК потсетува дека, до членството на Бугарија во Европската Унија во 2007 година, никој не се декларирал за бугарин во Албанија, Косово и Македонија!

СМК потсетува дека Македонија на сите Македонци по род на Косово и од областа Гора од Косово во Македонија, по дусолуцијата на поранешна СФР Југославија, им издаде македонско државјанство!

СМК изразува жалење за злоупотребата на членството во Европската Унија која Софија го врши со бугарски пасоши и стипендии за “регрутација на бугари“ кои никогаш не биле и за притисокот од Софија врз владите во Тирана, Приштина и Скопје за Македонците како “бугари со самосвест“ под закани на преговорите за членство во Европската Унија!

СМК апелира до Македонската Влада да протестира и алармира пред Брисел, Стразбур и Вашингтон за незаконското издавање на бугарски пасоши со изнуда на декларација за “бугари по потекло“!

СМК бара Европската Унија да ја одврати Софија од злоупотребата на издавање бугарски пасоши за македонски, албански и косовски државјани!

СМК апелира до Македонците во Албанија, Косово и Македонија да се откажат од прием во бугарско државјанство, понижувачки е декларацијата “бугарин по потекло“ и за починатите од семејството, не е достојно!

Advertisement