
Светскиот Македонски Конгрес (СМК) за врв на бриселското лицемерие кон Македонија го оценува ЕУ-Западен Балкан Самитот одржан на 6 мај годинава во Загреб и покрај очекувањата на марионетската влада на Заев за датум за почеток на пристапните преговори на Македонија за сојуз со Европската Унија, најавено после Заклучокот за почеток на преговорите без датум на Европскиот совет на ЕУ од 25 март годинава, според ревидираните пристапни критериуми по барање на Франција и скептицизмот од проширување на ЕУ од Данска, Холандија, Шведска и Германија!
И покрај бриселските и владините лаги дека бугарскиот анекс со таканаречената “Рамковна позиција“ која содржи дополнителни услови односно уцени за македонската евроинтеграција усвоена од Парламентот на Бугарија на 10 октомври 2019 година, нема влијание врз Заклучокот за почеток на преговорите без датум на Европскиот совет на ЕУ од 25 март годинава, СМК ја отфрла декларацијата од ЕУ-Западен Балкан Самитот одржан на 6 мај годинава во Загреб, затоа што: (1) не спомнува “проширување“ или “интеграција во ЕУ“, (2) не зборува за земји кандидати за членство во ЕУ туку за “партнери од Западен Балкан“, (3) од “партнерите на Западен Балкан“ бара “инклузивна регионална соработка и зајакнување на добрососедските односи, вклучително и со земјите членки на ЕУ, како и спроведување на билатералните договори со добра волја и со опипливи резултати“, и (4) за Македонија експлицитно ја наметнува “важната обврска за спроведување и на Договорот од Преспа со Грција, но и на Договорот за добрососедски односи со Бугарија!“
СМК изразува жалење затоа што во преговарачката рамка за одржување на првата Меѓувладина конференција на ЕУ и Македонија приближно кон крајот на годинава, Брисел ќе и’ ги испорача на Македонија сите барања од Софија и Атина, кои се дискриминаторски, расистички и наци-фашистчки, спротивни на домашното и меѓународното право, бидејќи го суспендираат основното и универзално право на самоопределување и самоидентификација на Македонскиот народ и сувереноста на државата Македонија!
СМК и натаму смета дека таканаречената “Рамковна позиција“ за почеток на преговорите на Македонија и Албанија со Европската Унија усвоена од Парламентот на Бугарија на 10 октомври 2019 година, со која се бара Македонија да признае дека Македонците се Бугари, а Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик именуван во сите документи на Европската Унија како “официјален јазик на Република Македонија“, да се откаже од Македонците во Бугарија, да ги отстрани сите споменици од времето на бугарската фашистичка окупација врз Македонија од Втората светска војна како и да не постоела, и да ги ревидира сите историски читанки со новата политичка историја на Македонија, со сето ова писмено да ги извести сите земји членки на Обединетите Нации, претставува антимакедонска симбиоза на бугарската политичка и научна елита за непризнавање на Македонската држава, народ, јазик, култура и историја!
Се’ додека за Софија – Македонија е дел од Бугарија, Македонците се Бугари, а Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик – Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година е ништовен и претставува велепредавство на нацијата и државата, а ревизијата за нова политичка историја на Македонскиот народ и на Македонија по барање на Софија е неприфатлива и никогаш нема да важи!
Договорот Заев-Борисов е во спротивност со домашното и меѓународното право и претставува најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото кое не застаарува!
Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во татковината и светот, отфрлаат пристапување на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата, поради антимакедонизмот на Атина и Софија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на името, јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија!
ЕУ и НАТО не се достојни за помена на името на државата и идентитетот на нацијата!
Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во татковината и светот, и натаму бараат итно и безусловно раскинување на Спогодбата Димитров-Коѕиас со нота до Владата во Атина и нота до генералниот секретар на Обединетите Нации, и испраќање на дополнителна нота до ОН за безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации и сите меѓународни организации под името Македонија, со можност за употреба на уставната референца Република, како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик туку на Англиски јазик Republic of Macedonia, со меѓународниот код МК односно МКД, и покрај историските хипотеки од Балканските војни 1912-1913 година: окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кој трае до денес!
СМК ги осудува територијалните претензии на Софија кон Македонија и неизживеаната романса за Санстефанска Бугарија од 3 март 1878 година, која постоела само три месеци на хартија до Берлинскиот Конгрес од 13 јуни до 13 јули 1878 година како руска фикција: Москва преку Кавала и Солун да излезе на Медитеранот, после Руско-Отоманската војна 1877-1878 година!
Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во татковината и светот, како знак на добра волја за историско македонско-бугарско помирување, бараат Софија да се извини за сите историски и општествени неправди и ѕверства кон Македонците во Балканските војни, Првата и Втората Светска Војна – за окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ!
СМК истовремено ги осудува неприфатливите уцени на Софија кон Албанија од која бара права за Македонците како Бугари!
СМК и натаму смета дека во Албанија не живеат Бугари, Македонците во Албанија не се Бугари! Македонците во Албанија не може да бидат колатерална штета заради бугарските уцени и албанските амбиции за Европската Унија!
И покрај се’ и после се’, СМК предлага склучување на Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност што подразбира: взаемно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроцитет во меѓусебноте односи!
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden