Светскиот Македонски Конгрес законот за употреба на јазиците е неуставен

 

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) го отфрла донесувањето на Законот за употреба на јазиците со којшто се редефинира државноста и унитарноста, се воведува двојазичност на целата територија и во меѓунардоните односи на Македонија, и се дискриминираат малцинските етнички заедници во еднаквоста пред Уставот и законите.

СМК бара Претседателот на Републиката да не го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците, бидејќи не е во согласност со Уставот на Република Македонија и изјавата на премиерот при доверувањето на мандатот за состав на Влада од 24 мај 2017 година.

СМК бара Претседателот на Републиката да не го потпише указот за прогласување на Законот и при негово повторено усвојување во Собранието, бидејќи Владата нема двотретинско парламентарно мнозинство, а владината коалиција флагрантно го крши Уставот!

Advertisement