Тадиќ: Се чувствувам виновен што не се извинив на македонскиот народ додека бев претседател

Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ изјави дека се чувствува виновен за тоа што додека бил претседател на Република Србија не упатил извинување на македонскиот народ поради некои лоши работи во историјата и потенцираше дека за него било многу важно да се решат некои нерасчистени прашања од историјата особено прашењето со црквата.

Многу пати сум доаѓал во Македонија како претседател на Србија и мене ми беше многу важно многу спорни и нерасчистени прашања од историјата да ги надминиме, овде посебно мислам на прашањето со црквата, затоа што ова на некој начин е единствената кочница во развојот на идните односи. Од друга страна органски сме поврзани, историски, со културата со музиката. Не постои точка на една нација која не се присутни силните врски помеѓу македонскиот и српскиот народ.

Денеска имав можност и да разговарам со ваши научници, историчари, не само со политичари. Некои од нив ми кажаа многу важна работа и се чувствувам како виновен што како претседател на република Србија не упатив извинување на македноскиот народ од позиција на претседател поради некои лоши работа во историјата, кога овде била српската жандармерија и кога немаше секогаш сјајсни искуства за македонскиот народ.

Еве токму поради тоа, како поранешни престедател, сакам да го упатам и тоа извинување и да ја поправам мојата грешка која ја направив како претсадател на републиката. Еве и на овој начин сметам дека допринесувам во зближувањето на двата народи – изјави Тадиќ

Advertisement