Tag Archives: Cens2023

Пописи на население 2023: Конечни резултати на ниво на oкрузи и општини

Институтот за статистика (ИНСТАТ) го организираше семинарот за објавување на конечните резултати од Пописот на населението и домувањето во 2023 година на ниво на окрузи и општини. За време на семинарот, ИНСТАТ ги презентираше конечните податоци од Пописот на населението и домувањето во 2023 година, во согласност со календарот за објавување на институтот. Овие податоци вклучуваат важни информации за бројот ...

Read More »

Пописи на население 2023: По Тиранците, Дебарчаните се најголемата заедница во Тирана

Населението на Тирана достигна 598.176 жители на пописот во 2023 година, но најновите податоци покажуваат дека само 52% од нив (310 илјади) се родени во Тирана, а речиси половина од жителите се од други градови. Според деталните податоци на ИНСТАТ, Дебарчаните се најголемата заедница во главниот град по Тиранците, бидејќи 6,5% од населението во главниот град како родно место го ...

Read More »

Демократи не ги признаваат пописните резултати, сметаат дека се манипулирани

Пренесувајќи го ставот на најголемата албанска опозициска партија, Демократската, пратеничката Ина Жупа, рече дека резултатите од пописот од 2023 година не ги признаваат бидејќи се  манипулирани. Според Жупа, владата интервенирала во Пописот со тоа што не ја покажала реалноста а споредбата со податоците на Евростат “покажуваат дека пописот бил изманипулиран по барање на владата” Посочи дека Пописот од 2023 година навистина ...

Read More »

Стерјовски: Македонците во Албанија бараат продолжување на Пописот на население

Партијата на Македонците во Албанија бара да се продолжи Пописот на населението во Албанија во Мала Преспа, односно во деловите каде што живее македонско население. Пописот во Албанија завршува на 15 ноември, а во Мала Преспа заврши пред две недели, вели Васил Стерјовски кој денеска беше на Семакедонската средба во Штип, организирана од Здружението „Мирка Гинова“-Штип. Стерјовски рече дека неколкупати ...

Read More »

ИНСТАТ го одби барањето на МАЕИ и Мала Преспа да биде опфатена со продолжениот рок за попис

Институтот за статистика (ИНСТАТ) го одби барањето на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), пописот на населението да се продолжи и за подрачјето на Мала Преспа каде што живеат Македонци. „Добивме негативен одговор на барањето, со образложение дека продолжувањето на пописот на населението и домаќинствата важи само за планинските населени места и оние погодени од ...

Read More »

По националност сме Македонци. Какви Бугари, во Албанија ниту имало, ниту има, велат Македонците во Албанија

Нас Македонците во Албанија ништо не може да не поколеба на пописот да се изјасниме она што сме, а за Бугари тоа е само идеја која попусто ја пропагираат бугарските власти и здруженија, порачуваат Македонците во Албанија. По националност сме Македонци. Какви Бугари, во Албанија ниту имало, ниту има. Нема никаков проблем, кога попишувачите ќе дојдат и ќе не прашаат ...

Read More »

Османи до Македонците во Албанија: Пописот овозможува слободно да ја изразите вашата етничка, јазична и религиска припадност

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во видео обраќање до Македонците кои живеат во Албанија, им порача дека овој попис им овозможува слободно да ја изразат нивната етничка, јазична, и религиска припадност. Во продолжение целосното обраќање на Османи: „Во врска со претстојниот попис на населението во Република Албанија би сакал да се обратам до вас Македонците кои живеат во Албанија. Како ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција со повик до Македонците во Албанија: Слободно и гордо пријавете ја вашата македонска националност

Пред утрешниот почеток на пописот на населението и домаќинствата во Албанија, единствената македонска партија во земјата, Македонска алијанса за ервропска интеграција, МАЕИ, ги повика Македонците да ја поддржат оваа значајна статистичка операција и слободно да се изјаснат за етничката и верска припадност и јазик. -Ова е многу важен процес за македонската заедница во Албанија, бидејќи во него ќе се декларира ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана: Главата горе и изјаснете се она што сме – Македонци

Пред пописот на населението и домаќинствата во Република Албанија, што почнува утре, Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повика сите Македонците во Република Албанија „да се изјаснат она што се Македонци и да го зачуваат својот македонски идендитет”. Од 18 септември до 30 октомври, тимовите на ИНСТАТ ќе тропнат на вашата врата за собирање податоци за пописот на населението и домувањето, согласно ...

Read More »