Пописи на население 2023: Конечни резултати на ниво на oкрузи и општини

Институтот за статистика (ИНСТАТ) го организираше семинарот за објавување на конечните резултати од Пописот на населението и домувањето во 2023 година на ниво на окрузи и општини.

За време на семинарот, ИНСТАТ ги презентираше конечните податоци од Пописот на населението и домувањето во 2023 година, во согласност со календарот за објавување на институтот. Овие податоци вклучуваат важни информации за бројот на населението, бројот на згради за станбени цели, големината на семејните економски единици и други важни показатели на локално ниво. Исто така, беше презентирана методологијата користена за собирање и дистрибуција на овие податоци.

Резултатите во линкот подолу: https://www.instat.gov.al/al/cens-2023/rreth-cens/publikimi-dhe-shp%C3%ABrndarja/