Tag Archives: д-р Ѓорге Иванов

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов во посета на Гостивар по повод празникот Преображение Христово

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, г-ѓа Маја Иванова, денеска во манастирскиот комплекс во изградба „Преображение Христово” во Гостивар присуствуваше на црковно-народниот собир по повод христијанскиот празник Преображение на Господ Исус Христос. Претседателот Иванов на присутните верници им го честиташе големиот христијански празник, со желби за добро здравје, љубов и среќа. Чинот на водовет и прережување ...

Read More »

Обраќање на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов по повод Илинден (ВИДЕО)

Почитувани граѓани на Република Македонија, Годинава, на ден Илинден одбележуваме 115 години од славната Крушевска Република, 74 години од државотворниот АСНОМ и 27 години од независнoста на Република Македонија. Република Македонија е плод на неповратниот историски процес што започна со пролетта на европските народи во првата половина на 19 век. Но, таа пролет кај македонскиот народ беше поинаква. Додека соседните ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов престојува во дводневна официјална посета на Република Молдавија

Македонија и Молдавија се две пријателски земји, меѓу кои постојат потенцијали за соработка, кои за жал не се доволно искористени. Потребно е интензивирање на политичкиот дијалог и на соработката меѓу институциите од двете земји, со цел зголемување на економската соработка и трговската размена, е пораката што ја упатија Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов и Претседателот на Република Молдавија, ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов присуствуваше на свечената церемонија по повод инаугурацијата на Претседателот на Турција, Ердоган

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска присуствуваше на свечената церемонија по повод инаугурацијата на Претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Иванов му честита на претседателот на Република Турција за победата и за постигнатиот успех на предвремените претседателски и парламентарни избори и му посака успешно извршување на претседателската функција. Македонскиот Претседател се заблагодари за сета досегашна ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов не го потпиша Законот за Пратификација на Договорот со Грција

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, донесе одлука да не го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Kонечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година, и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните. ...

Read More »

Претседателот на Македонија, д-р Ѓорге Иванов му честита на претседателот на Турција Ердоган за победата на претседателските и парламентарните избори

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вечерва оствари телефонски разговор со претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган, по повод постигнатиот успех на предвремените претседателски и парламентарни избори во Република Турција. Претседателот Иванов му честита на г. Ердоган за победата и освоените изборни резултати и му посака успешно извршување на претседателската функција. Во телефонскиот разговор беа разменети мислења за ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов го додели признанието „Инженерски прстен 2018“ на најдобрите дипломирани студенти од техничките факултети

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на свеченост одржана во Вилата Билјана во Охрид, го додели признанието „Инженерски прстен 2018″ на најуспешните дипломирани студенти од техничките факултети. По повод 15 годишниот јубилеј, Инженерска институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, на претседателот Иванов, му додели признание за континуирана поддршка на манифестацијата „Инженерски прстен”, како значаен ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов се сретна со Македонците во Бугарија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, за време на официјалната посета на Република Бугарија го посети Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, каде се сретна со Македонците во бугарија и со стопанственици и културни дејци Македонци кои живеат и работат во Република Бугарија.

Read More »

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата г-ѓа Маја Иванова, престојува во дводневна официјална посета на Бугарија

Со потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, внесовме еден нов дух и нов амбиент меѓу нашите две земји. Покажавме, како треба две соседни земји да ги регулираат своите односи и да ги затвараат прашањата за кои што постои различно сфаќање. Тоа е позитивен пример и за другите земји на Балканот, како треба да се однесуваат меѓу себе и ...

Read More »

Националниот Комитет на МААК му дава целосна и безрезервна поддршка на претседателот на Република Македонија

Националниот Комитет на МААК му дава целосна и безрезервна поддршка на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов. Сметаме дека неговиот став е единствениот исправен и го охрабруваме да истрае без разлика на сите притисоци и закани. Истовремено, ги повикуваме организаторите и учесниците на сите протести и митинзи ширум Македонија и низ целиот свет, да ја насочат енергијата кон целосна ...

Read More »