Македонци од Егејска Македонија кои се бореле во редовите на ДАГ (Демократска армија на Грција) во Потсдам во 1949 се обраќаат на македонски јазик (ВИДЕО)

 

Македонскиот активист во Грција Стилијанос Самартцис (Стиљан Самарџиев) објавува досега малку познато видео од делегацијата на Демократската Армија на Грција во Потсдам, Германија снимено на собир на комунисти од повеќе европски држави. Видеото е снимено во 1949 година. Во него зборуваат претставниците на ДАГ Костас Маxеридис и Викторија Зајку (Зајкова). Зајкова зборува на македонски јазик со превод на германски а се осврнува на 40 Mакедонки кои се борат само во една од единиците на ДАГ.

Advertisement