Tag Archives: Европол

Европол: Во акција на Балканот уапсени 382 лица, осомничени за трговија со луѓе, дрога и оружје

Европол денеска соопшти дека во рамки на меѓународна операција на крајот на минатиот месец биле уапсени 382 лица, осомничени за трговија со дрога, луѓе и оружје, кои главно дејствувале на Балканот и во Југоисточна Европа. Сто педесет и девет од уапсените се осомничени за трговија со мигранти, 112 за трговија со дрога, 38 за трговија со огнено оружје и двајца ...

Read More »

Европол: Осомничени поврзани со тероризам патуваат во ЕУ преку Западен Балкан

Осомничени поврзани со тероризам патуваат во ЕУ користејќи ги услугите на криминалните мрежи за криумчарење мигранти, се предупредува во Извештајот за тероризам на Европол. Во извештајот се додава дека тие рути го вклучуваат источниот Медитеран, влезот во Грција од Турција и натаму патувања преку Западен Балкан до ЕУ. Како што беше нагласено, осомничените терористи или насилните екстремисти, вклучително и поединци ...

Read More »

Европол разби балкански картел кој ја снабдувал Европа со кокаин

По досега невидена меѓународна операција на агенциите за спроведување на законот од осум земји, обвинети се 61 член на балканскиот наркокартел, кој ја снабдува Европа со кокаин, објави хрватското Министерство за внатрешни работи . Од тие 61, 23 биле уапсени (13 во Шпанија и 10 во Словенија), додека 2,6 тони кокаин, 324 килограми марихуана, 612.000 евра, девет луксузни возила и ...

Read More »

Европол: Разбиена криминална група уапсени 22 лица поради 26 милиони евра

Дваесет и две осомничени лица се уапсени во меѓународна полициска операција во која учествуваа пет земји со поддршка на Европол и Евроџаст. Се претпоставува дека уапсените се членови на организирана криминална група, која го оштетила шпанскиот буџет за повеќе од 26,5 милиони евра. „Во серија координирани рации на 28 април беа извршени претреси на 24 места кои припаѓаат на криминалната ...

Read More »

Европол: Разбиена мрежа за експлоатација на имигранти

Вкупно 38 лица се уапсени во Франција, Романија и Молдавија за нивната наводна вмешаност во широка трговија со имигранти, соопшти европската полициска агенција Европол и единицата за европска судска соработка Еурожуст. Според двете организации, апсењата се случиле по сомневањата на француските власти за можна „трговија со луѓе“, „нелегално вработување“, „производство на лажни документи за лична карта“ и „перење пари“, јави ...

Read More »

Европол предупредува на опасноста од лажни вакцини против Ковид-19

Директорката на Европол, Катерина Де Бол денеска предупреди на опасноста од потенцијални лажни вакцини против Ковид-19. Таа истакна дека криминалците најверојатно би се обиделе да ја искористат големата побарувачка за вакцини во светот. Де Бол наведе дека се забележани „конкретни знаци на валкана игра, како што е понуда на лажни вакцини на социјалните мрежи“, поради што апелира на внимателност. Таа ...

Read More »

Европол: Во заедничка акција запленети 352 украдени возила

Во заедничка акција на европската полиција и со поддршка на Европол, запленети се 352 украдени возила на пат кон крајната дестинација. „Уште 1.077 делови од украдени автомобили и десетици фалсификувани или изменети придружни документи беа запленети за време на Денот на заедничката акција, како што беше наречена операцијата“, соопшти Европол. Во соопштението се наведува дека операцијата ја раководел Фронтекс, бидејќи ...

Read More »

Европол: Уапсени 166 криминалци од Југоисточна Европа

Во заедничка акција на 34 земји минатата недела беа уапсени 166 лица во операција против организиран и тежок меѓународен криминал во Југоисточна Европа, соопшти денеска Европол, полициската агенција на Европската унија. Покрај европските земји, во операцијата учествуваа и САД, како и Европол, Европската агенција за соработка во кривичната правда (Јуроџаст) и Европската агенција за гранична контрола (Фронтекс), а меѓу партнерите ...

Read More »

Европол: Приведени 26 лица поради криумчарење мигранти

Во Белгија и Франција уапсени се 26 лица, членови на криминална мрежа, заради криумчарење илегални мигранти и при тоа конфискувани се три возила, пари и електронска опрема, објави денеска Европол. Операцијата ја спроведе полицијата на Белгија и Франција со помош на Европол, а при претрес на 27 куќи пронајдени се 21 мигрант кои се пренесени на безбедно. Криминалната група е ...

Read More »

Повеќе од 200 уапсени во светска операција против перење пари

Полициите од околу триесет држави во координирана акција фатиле 228 лица и идентификувале илјадници заговорници како дел од масовна операција против перење пари. Во операцијата од септември до ноември спроведени се повеќе од 1.000 криминалистички истраги, од кои голем дел и натаму се во тек, се вели во соопштение на „Европол“. „Повеќе од 650 банки, 17 банкарски здруженија и други ...

Read More »