Tag Archives: Италија

Македонско друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд на Конгресот на ФУЕН во Болзано, Италија (ФОТО)

Македонското друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд се претстави на 69. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) што се одржува во италијанскиот град Болзано. Во рамки на активностите на овој значаен собир, синоќа, со свој штанд се претстави и нашето друштво. Имавме македонска домашна ракија, ајвар, лепче, потоа пропаганден материјал на кој се претставени македонските носии, убавините на областите ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествува на 69 конгресот на Федералната унија на европски националности во Болзано во Јужен Тирол, Италија

Претседателот на македонското друштво “Илинден”- Тирана учествува на 69. Конгрес на Федералната унија на европски националности (ФУЕН), кој денеска попладне почна во Болзано, Јужен Тирол, Италија. Највисокиот собир на ФУЕН ќе трае до 26 октомври а домаќин е  Јужнотиролската народна партија, како рамноправна членка на унијата. Да потсетам дека нашето друштво рамноправна членка  е од 16 мај 2015 година и ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ќе учествува на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) што ќе се одржи во Болзано во Јужен Тирол, Италија

Македонското друштво “Илинден”-Тирана, ќе учествува на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) ќе се одржи од 23 до 26 октомври во Болзано во Јужен Тирол, Италија домаќин ќе биде Јужнотиролската народна партија членка на Федералната унија на европски националности (ФУЕН). Изминатите десет години, од кога сме рамноправна членка на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) редовно учествува на сите Конгреси ...

Read More »

Стапи на сила договорот за признавање на пензиите помеѓу Албанија и Италија

Стапи на сила договорот за признавање на пензиите помеѓу Албанија и Италија, од кој полза ќе имаат околу 500.000 албански и над 4.000 италијански граѓани. Договорот предвидува обединување на периодите на придонеси, овозможувајќи да не се изгуби ниту една година стаж. Овој договор им дава можност на албанските емигранти пензионери да можат да се лекуваат и во Италија и во ...

Read More »

Италија, Албанија и ОАЕ потпишаа договор за изградба на подморска интерконекција за обновлива енергија преку Јадранското Море

Италија, Албанија и Обединетите Арапски Емирати денеска потпишаа договор вреден најмалку една милијарда евра за изградба на подморска интерконекција за обновлива енергија преку Јадранското Море. Ние цврсто веруваме во овој проект кој ги вклучува нашите три влади, како и нашиот приватен сектор и мрежни оператори – рече италијанската премиерка Џорџа Мелони, најавувајќи го договорот на Светскиот самит за енергетска иднина ...

Read More »

Мигрантите кои бараат азил во Италија од август одлуката ќе ја чекаат во Албанија

Мигрантите кои ќе бидат спасени на море во обид да стигнат до Италија ќе бидат испратени во Албанија од август додека се обработуваат нивните барања за азил, како дел од контроверзниот договор со кој малата балканска земја ќе биде домаќин на илјадници баратели на азил. За време на посетата на Албанија во јуни, италијанската премиерка Џорџа Мелони рече дека два ...

Read More »

Мисајловски во Вашингтон потпиша Писмо за намера за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност

Мисајловски, Пелеши, Запријанов и Кросето го потпишавме Писмото за намери за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Иницијативата на Италија, Македонија, Албанија и Бугарија ќе овозможи побрз проток на воени сили и опрема со што значително ќе се зголеми ефикасноста на воената логистика и операциите во случај на потреба. Писмото за ...

Read More »

Потпишан договор за заемно признавање на пензиите меѓу Италија и Албанија

По околу 10 години интензивни преговори, Италија и Албанија денеска го финализира меѓусебното признавање на социјалното осигурување, односно заемното признавање на пензиите. Овој долгоочекуван договор за албанските граѓани кои живеат и работат во соседната земја, во Рим, го потпишаа министерот за надворешни работи на Италија Антонио Тајани и албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани. Се очекува имплементацијата ...

Read More »

Албанскиот Уставен суд го одобри договорот со Италија за прифаќање мигранти

Уставниот суд на Албанија во понеделникот го одобри договорот со кој се дозволува Италија да гради центри за мигранти на албанска територија, потег што беше критикуван од опозицијата и организациите за човекови права. Претставниците на албанската опозициска Демократска партија го изнесоа договорот пред судот, тврдејќи дека тој го прекршува уставот на земјата. Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации ...

Read More »

Силен земјотрес регистриран утринава во Италија (ВИДЕО)

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Италија во средата наутро околу 7 часот. Земјотресот се случил во 7 часот и 7 минути, на 67 километри од крајбрежниот град Римини, соопшти Евромедитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Земјотресот е почувствуван и во Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. Во противпожарната бригада ...

Read More »