Кога и да се одржат изборите тие мора да се спроведат по строг протокол за заштита на здравјето на граѓаните. Протоколот ќе биде изработен од Комисијата за заразни болести заради тоа што нема да дозволиме каква било организација што може да го загрози успешното менаџирање на оваа здравствена криза, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција. Очигледно е, посочи ...
Read More »Tag Archives: Избори
Македонија: Политичките лидери се договорија изборите на 12 април ќе нема
Во Кабинетот на Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, денеска се одржа лидерска средба на која присуствуваа претседатели и претставници нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи, како и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски. На средбата од СДСМ присуствуваа Зоран Заев и Љупчо ...
Read More »Ексклузивно: Листите на СДСМ за изборите на 12 април (ФОТО)
Ексклузивно сите носители на листи и кандидати на СДСМ, за претстојните парламентарни избори на 12 април.
Read More »Македонија: ОБСЕ/ОДИХР почна мисијата за набљудување на изборите
Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР ќе го следат и овој изборен циклус. Нивната долгорочна мисија е веќе започната, а на денот на изборите, 250 краткорочни набљудувачи ќе се приклучат на мисијата. Шефот на мисијата, Тана Де Зулуета не ги коментираше последните измени во Изборниот законик за кои се вели дека се препораки на ОБСЕ/ОДИХР. За проценките за влијанието на овие измени и ...
Read More »Македонија: Граѓаните можат да направат увид во Избирачкиот список
Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да направат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб- страницата на Државната изборна комисија www.sec.mk и во нивните подрачни канцеларии. Исто така денеска почнува и рокот за собирање потписи на група граѓани во подрачните канцеларии на Комисијата и од оваа година пред овластен нотар. Претседателот на ДИК Оливер Деркоски ...
Read More »Сантос во Тирана: Дијалог и завршување на изборната реформа
Известувачот на Европскиот парламент за Албанија, Изабел Сантос, која денеска престојува во Тирана, изјави дека за да се овозможи започнување преговори за членство во ЕУ, мора сите политички актери да бидат обединети. Потребни ни се добри и силни сигнали за да продолжиме напред во овој процес за членство. Сите ние сакаме отворање на преговорите и тоа треба да биде главната ...
Read More »Македонија: Јавен повик од ДИК за пријава и увид во Избирачкиот список за гласање во странство
Државната изборна комисија (ДИК) објави јавен повик за пријава и увид во Избирачкиот список за гласање во странство за предвремените парламентарни избори. Во повикот, македонските државјани кои се на привремена работа или престој во странство се информираат дека на 12 април ќе се одржат предвремени избори и дека гласањето во ДКП-та и конзуларните канцеларии ќе се одржи на 11 април. ...
Read More »Македонија: Собранието се распушти, изборите на 12 април
Собранието попладнево едногласно со 108 гласа „за” ја донесе одлуката за самораспуштање во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12 април 2020 година. Одлуката за самораспуштање беше поднесена од спикерот Талат Џафери, кој во своето обраќање рече дека по направената консултација на 10 февруари со Државната изборна комисија, денешниот ден е последен рок за распуштање на Парламентот. Одговорот од ...
Read More »Бала: Парламентарни избори во редовниот термин во 2021 година
Албанските владејачки социјалисти ставија точка на дилемата дали ќе има или не предвремени парламентарни избори, што во континутет ги бара главната опозиција. Координаторот на пратеничката група Таулант Бала, изјави дека парламентарните избори ќе се одржат во јуни 2021 година, отфрлајќи каква било можност дека мнозинството ќе прифати предвремени избори. Редовни парламентарни избори, ќе има на 30 јуни 2021 година така ...
Read More »Баша нема излез од кризата во Албанија без слободни избори
По средбата со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша изјави дека јасно потенцирал оти со Еди Рама нема слободни и фер избори. Еврокомесарот Вархеји вчера престојуваше во прва посета на Албанија откако стапи на должност. Тој се сретна со премиерот Еди Рама, претседателот Илир Мета, а го посети и Драч, едно од најпогодените ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden