Tag Archives: Македонија

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор Македонија – Грција (ФОТО – ВИДЕО)

Стартуваше изградбата  гасниот интерконектор со Грција во должина од 66,7 километри на потегот од Гевгелија до Неготино. Интерконекторот ќе има иницијален капацитет од 1,5 милијарди кубни метри гас годишно, со можност да се зголеми до 3 милијарди кубни метри. Вредноста на изградбата на проектот, што стартуваше денеска, е околу 3,7 милијарди денари (60 милиони евра). Средствата се обезбедени со два ...

Read More »

ЕП го усвои извештајот за Македонија

Со 461 глас за, 121 против и 107 воздржани, Европскиот парламент го усвои извештајот на Томас Вајц за напредокот на Македонија, но откако од документот беа отфрлени зборовите „македонски идентитет“ и „македонски јазик“. На отстранување на сите референци за македонски идентитет и јазик инсистираа трите најголеми политички групи и европратеници од Бугарија и од Грција. Документот на европратеникот од Австрија ...

Read More »

Македонија: Локалните избори ќе бидат распишани во првата половина на август, првиот круг на 19 октомври

Претседателот на Собранието, Арбен Гаши, денес официјално најави дека локалните избори во Македонија ќе бидат распишани во првата половина на август годинава. Првиот изборен круг е планиран за 19 октомври, додека вториот круг ќе се одржи две недели подоцна. Гаши потенцираше дека подготовките за распишување на изборите се во финална фаза, а точниот датум ќе биде соопштен наскоро. Тој нагласи ...

Read More »

Тошковски и Кондратович: Потпишан протокол за реадмисија и голема поддршка од Литванија на европскиот пат на Македонија

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оствари работна средба со делегација на Министерството за внатрешни работи на Литванија, предводена од министерот Владислав Кондратович. На средбата фокусот беше ставен на унапредувањето на меѓусебната соработка и продлабочување на пријателските врски меѓу двете министерства и полиции во борбата против организираниот криминал, ситуацијата со илегалната миграција и соработката помеѓу центрите за обука на ...

Read More »

Македонија: Во Скопје состанок на лидерите на ЕУ и Западен Балкан

Состанок на лидерите на ЕУ и Западен Балкан посветен на напорите за забрзување на спроведувањето на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан ќе се одржи денеска во Скопје. На состанокот присуствува комесарката за проширување Марта Кос, а покрај домаќинот, македонскиот премиер Христијан Мицкоски, во Македонија се пристигнати или ќе пристигнат и претставници од Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, ...

Read More »

Македонија: Пуштен во употреба експресниот пат Фариш – Дреново – од Скопје до Прилеп за час и 15 мин

Пуштена е во употреба делницата Фариш – Дреново од експресниот пат А1, дел од коридорот 10д, се скратува времето за патување. Од денеска, отворена е за сообраќај и оваа делница. Проектот е со вкупна вредност од 44,74 милиони евра и е финансиран со заем од ЕБОР (Европска банка за обнова и развој). На пуштањето денеска присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот ...

Read More »

Софија е влезена во многу опасен наратив, порача Муцунски

Актуелната власт, псоочува шефот на дипломатијата, е внимателна во донесувањето одлуки кои би можеле да имаат далекусежни последици. Дополнително, вели тој, за нас како држава клучно е патот кон полноправно членство да биде предвидлив. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски не очекува по локалните избори да има промена во државните позиции во однос на уставните ...

Read More »

Николоски на средба со 11 најголеми компании во Франција: Имаме огромни инвестиции во патната и железничката мрежа, отвораме можности за соработка со француски компании и нови инвестиции во Македонија

Македонија ги има наjдобрите услови за инвестирање, имаме развојни планови за подобрување на железничката и патната мрежа на европските коридори а локациски има стратешка позиција која има големи компаративни предности пред другите земји во регионот, потенцираше вицепремиерот Николоски на средбата во Париз со најголемите 11 компании во Франција. Во своето излагање пред присутните, тој ги презентираше транспoртните политики на Македонија ...

Read More »

Првите четири банки од Македонија впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања започнува членувањето во СЕПА

  Европскиот совет за плаќања (ЕПС) ги впиша првите четири банки од Македонија,  станува збор за три големи и една средна банка – во регистарот на учесници во шемата за кредитни трансфери на СЕПА. Овој важен чекор е резултат на успешно поднесени барања од страна на овие банки, а со тоа официјално започнува и членувањето на нашата земја во СЕПА. Овие ...

Read More »