Tag Archives: Македонија

Македонија одбележува 81 година од депортацијата на македонските Евреи

Во ноќта помеѓу 10 и 11 март 1943 година градовите Битола, Штип и Скопје биле блокирани, а еврејските населби опколени со бугарска војска и полиција. Во раните утрински часови на 11 март започнало собирањето на Евреите. Од куќа до куќа оделе по неколку вооружени полицајци, агенти и војници и ги собирале Евреите. Во скопски Монопол, во нехумани услови биле интернирани ...

Read More »

Македонија: Втор состанок на политички директори во рамките на претседавањето со ПСЈИЕ

Во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа вториот Состанок на политички директори на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), на кој беа присутни и претставници на Советот за регионална соработка (СРС) и на Европската Унија. Република Македонија претседава со Процесот за соработка во Југоисточна Европа во периодот јули 2023 – јуни 2024 година, под ...

Read More »

Започна имплементацијата на ИПА3 Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија

Министерството за локална самоуправа, Државна агенција за стратешко програмирање и координација на помош (SASPAC) на Албанија и Европската Унија, во Охрид официјално го означија почетокот на имплементацијата на  ИПА 3 Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија, преку која се обезбедени 13,79 милиони евра за проекти, за периодот до 2027 година. Целта на програмата е промовирање на одржлив развој, ...

Read More »

Претседателот на Собранието на Македонија Митрески во Киев положи цвеќе во споменикот на Св. Климент Охридски

Претседателот на Собранието на Македоија Јован Митрески за време на еднодневната посета на Украина, вчера во Киев положи цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски. Тој оствари и неколку средби со официјални лица на Украина каде вчера беше на одбележувањето од дветодишнината од почетокот на војната во таа земја. Во рамките на посетата на Украина, Митрески остварил посета на  Киевско-печерската  ...

Read More »

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук. Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Македонија за Украина, на ...

Read More »

Професорката Гордана Силјановска – Давкова, единствен кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Професорката и пратеничка Гордана Силјановска-Давкова се пријавила на јавниот оглас на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, соопштија попладнево од партијата. За нејзината кандидатура ќе се одлучува од страна на делегатите на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател која ќе се одржи на 02 март 2024 година. Во врска со Јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател ...

Read More »

Македонија: Јавен повик од ДИК за пријава и увид во Избирачкиот список за гласање во странство

Од 14 февруари тече пријавувањето за гласање за претседателските избори закажани на 24 април годинава на државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство. Нашите државјани можат да се пријавуваат електронски на следниот линк или со пополнува на формулар во хартиена форма во дипломатско – конзуларните претставништва (ДКП) во земјите каде што живеат. Според роковникот ...

Read More »

Македонија: Претседателските избори на 24 април, a парламентарните избори на 8 мај

Претседателските избори во Македонија ќе се одржат на 24 април 2024 година, додека парламентарните избори две недели подоцна на 8 мај, кога би се одржал и вториот круг од претседателските избори. Изборот на претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател, додека редовните избори за пратеници се одржуваат секоја четврта година во последните 90 ...

Read More »

Обраќање на претседателот Пендаровски на традиционалниот годишен прием за претставниците на дипломатскиот кор

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на традиционалниот годишен прием што за претставниците на дипломатскиот кор, акредитирани во Република Македонија, го приреди вчеравечер во Скопје. Како доајен на дипломатскиот кор, на приемот се обрати амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река. Почитуван Министер за надворешни работи, Почитуван Aмбасадорe Река, доајен на дипломатскиот кор во Република Македонија, Ваши екселенции, Дами и господа, Дозволете ...

Read More »

Ерменија, Фарски Острови и Латвија се противници на Македонија во Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација вечерва со жрепка во Париз ги дозна противниците во групната фаза во Ц дивизијата на Лигата на нации. Жрепката одлучи македонската репрезентација да биде дел од групата Ц4 заедно со селекциите на Ерменија, Фарски Острови и Латвија. Воведното коло ќе се игра на почетокот на септември, а завршното во ноември. Четвртфиналните дуели се на програмата од 20 ...

Read More »