Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, денеска во Женева учествуваше на Форумот за малцинствата при Обединетите нации, со која претседаваше Николас, специјален известувач на ОН за малцински прашања. Во Обединетите Нации, се слушна гласот на Македонците од Албанија со гордост и непоколебливост. За мене, го кажав тоа и пред учесниците, беше ...
Read More »Tag Archives: Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ)
Македонска алијанса за европска интеграција го поздравува отворањето на сите поглавја од преговорите за членство на Албанија во ЕУ
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), единствената политичка партија што ја претставува македонската заедница во Албанија, го поздравува отворањето на сите поглавја од преговорите за членство на Албанија во Европската Унија. Овој значаен чекор означува влез на земјата во нова фаза и ја доближува кон стратешката цел – полноправно членство во ЕУ. МАЕИ ја охрабрува Владата на Албанија да продолжи ...
Read More »Честитка од Македонска алијанса за европска интеграција по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), им го честита 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба на сите Македонци во Албанија, Македонија и ширум светот. Овој значаен ден не потсетува на 1893 година, кога со формирањето на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) започна организираната борба за ослободување и обединување на Македонија. Тоа беше ...
Read More »Во пензија Лазо Стојани – Живот во служба на Преспа
По децении посветена работа, страст и љубов кон образованието, културата и туризмот во Преспа, Лазо Стојани заминува во пензија, оставајќи зад себе трајна оставнина во историјата на нашиот регион. Лазо Стојани е име што со децении симболизира знаење, љубов кон родниот крај и дух на заедништво преку културата и туризмот. Со 39 години искуство во просветата како наставник по историја ...
Read More »МАЕИ: Tенденциозни се обвинувањата на ТВ Нова за антибугарска реторика на Стерјовски
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ги отфрла како неосновани и тенденциозни обвинувањата на бугарската телевизија Нова за наводна „антибугарска реторика“ на претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски, соопшти партијата. Во реакцијата на партијата се наведува дека претседателот Стерјовски и партијата „со години доследно се борат против агресивната политика на Бугарија во Албанија, насочена кон асимилација на македонското малцинство“. „Таквата политика, ...
Read More »Васил Стерјовски во трка за пратенички мандат
Васил Стерјовски, лидер на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ќе биде во трка за пратенички мандат на отворената листа за пратеници на Социјалистичката партија во изборна единица Корча. Тоа врз основа на денеска постигнатиот договор со Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама. Нашиот лидер Стерјовски е на отворената листа за пратеници на Социјалистичката партија во изборна единица Корча, ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на парламентарните избори ќе настапи како дел од коалицијата предводена од опозициската Демократска партија на Сали Бериша
Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на парламентарните избори ќе настапи како дел од коалицијата предводена од опозициската Демократска партија (ДП) на поранешниот албански премиер и екс претседател на државата, Сали Бериша. Според објавата на ДП, во изборната коалиција се 26 политички партии, меѓу кои и Партијата на слободата на Илир Мета, Републиканската партија на ...
Read More »МАЕИ: Македонците од Албанија кои живеат надвор од државата може да се пријават за гласање и со документи со изминат рок
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ги информира Македонците од Република Албанија, кои живеат надвор од државата, дека може да се пријават за гласање на парламентарните избори и со документи со изминат рок. По изгласувањето на измените во Изборниот законик од страна на албанскиот парламент се дава право на сите албански граѓани во дијаспората да може да се пријават за ...
Read More »МАЕИ и „Патриотското друштво“ од Скопје поделија подароци и книги на македонски јазик за децата од неколку села во Долна Горица
Советникот во Советот на Општина Пустец од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Јордан Јанкула, денеска им распредели подароци и книги на македонски јазик на децата од градинките и учениците од Деветолетката „Отпорот на Горичените“ во село Долна Горица, која ги опфаќа четирите села: Горна Горица, Долна Горица, Глобочани и Туминец. Според Јанкула „даровите за најмалите и поддршката за македонскиот ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција реагира на изјавата на албанската амбасадорка во Софија
Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), како единствена политичка партија што ја претставува македонската заедница во Албанија, изразува длабока загриженост и остро реагира против етикетирањето на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“ од страна на амбасадорката на Албанија во Софија, Инид Мило. Како што стои во реакцијата, упатена до министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, во интервју ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden