Tag Archives: македонци србија

Здружението на Македонците за Моравички округ „Даме Груев“ го прослави 10-ти декември, Меѓународниот ден на човечки права (ВИДЕО)

По повод 10-ти декември, Меѓународниот ден на човечки права и вториот Саем на националните малцинства во Србија, под наслов „Сложни мозаик Србије“. Здружението на Македонците за Моравички округ „Даме Груев“ – Србија, се вклучи во прославата на овој празник и под покровителство на општината  Горњи Милановац,  во соработка со Културен центар од Горњи Милановац и НС на МНЗ во Србија, ...

Read More »

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев оствари средба со претставниците на Македонците во Србија

  Во рамките на посетата на Република Србија, премиерот на Република Македонија Зоран Заев оствари средба со претставниците на Македонскиот национален совет, како и трите политички партии на Македонците во Србија. На барање на Националниот Совет, Владата на Република Македонија обезбеди книги и литература на македонски јазик за учениците од основните училишта во Република Србија, во кои се изучува предметот „Македонски ...

Read More »

Македонското здружението ,,Кирил и Методиј” од Нови Сад одржа работен состанок

  Во просториите на Здружението „Кирил и Методиј„ од Нови Сад беше одржан работен состанок со претставници на Националниот совет на македонската национална заедница во Република Србија предводени од претседателот Борче Величковски. Без оглед што сме ние во редовна телефонска комуникација и комуникација по писмен пат по интернет, сепак се добри видувањата во живо каде што со раководството на организацијата ...

Read More »

Денови на македонската култура во Ниш 2017

Здружението на Македонците “ВАРДАР” од Ниш во галеријата на Нишкиот културен центар вчера, во чест на Денот на независноста на Македонија – 8 септември, свечано ја отвори културната манифестација “Денови на македонската култура во Ниш 2017“. На отворањето на културната манифестација присуствува голем број на Македонци и гости. Во име на градот Ниш присуствуваше градоначалникот, председателот на градската општина Палилула ...

Read More »

Потпишан меморандум за соработка измеѓу македонските институции во Панчево

  Оддавајќи им почит на светите македонски браќа  св.Кирил и Методиј и славејќи го нивното дело кое претставува мост за зближување, соработка и поврзување на културите, Македонскиот национален совет, Македонскиот информативен и издавачки центар и Библиотеката на градот Панчево, со цел да се формализира и унапреди досегашната воспоставена добра соработка потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа директорот на Библиотеката ...

Read More »

70-годишниот јубилеј од пристигнувањето на првите Македонци во Војводина

Македонската заедница во општината Пландиште во Војводина деновиве го одбележа 70-годишниот јубилеј од пристигнувањето на првите колонисти од Македонија. На прославата, одржана на 13 мај годинава, беше отворена изложба со етномотиви од Македонија и семејни фотографии од првите семејства што во далечната 1947 година се доселиле во пределите на Војводина. Во програмата на оваа манифестација настапија фолклорни друштва на македонската ...

Read More »

Македонците во Србија подржуват унитарна Македонија

Националниот совет на Македонската заедница во Република Србија со голема загриженост ги следи актуелните случувања во нашата матична држава Република Македонија. Од осамостојувањето на Република Македонија 1991 година па до денес нашата матица ја гледаме како современа, плуралистичка и демократска држава на сите граѓани кои живеат во неа и на сите државјани кои живеат вон неа. Согласно со придобивките на ...

Read More »