Македонското здружението ,,Кирил и Методиј” од Нови Сад одржа работен состанок

 

Во просториите на Здружението „Кирил и Методиј„ од Нови Сад беше одржан работен состанок со претставници на Националниот совет на македонската национална заедница во Република Србија предводени од претседателот Борче Величковски. Без оглед што сме ние во редовна телефонска комуникација и комуникација по писмен пат по интернет, сепак се добри видувањата во живо каде што со раководството на организацијата и нивните членови во еден директен разговор ќе ги соочиме и досегашните активности на здружението, но и проблемите со кој се соочуваат.

Познато е дека Националниот совет има одамна донесена одлука со која е оваа канцеларија е прогласена за регионална канцеларија, така да Националниот совет дава еден голем придонес сервисирајќи ги овие канцеларии, каде што здружението можи несметано да ги врши своите активности и се надевам дека ваквата пракса ќе ја продолжиме и понатаму.

Една од причините за посетата е и тоа што после извесно време повторно имаме член на Националниот совет од Нови Сад поточно од Здружението Св. Кирил и Методиј. Станува збор за претседателот на здружението Драгољуб Костовски, така да денеска ќе му го врачиме и решението на господинот Костовски издадена од страна на Републичка изборна комисија и ќе разговараме за понатамошните активности во Националниот совет. Национален совет, согласно со законот нема обврска да водат сметка за сите организации на македонците во Србија, но според претседателот Величковски, помош од старана на Советот секако ќе имаат.

Од аспектот на политиката на македонската национална заедница и од нашата национална стратегија и потребите кој се евидентни секако дека Националниот совет како чадорна организација на сите Македонци мора пред и се да води сметка на организациите од цивилен сектор бидејќи преку нив се спроведуваат маса на проекти, маса на елементи кои го сочинуваат нашиот идентитет, култура, јазик и образование. Така да ако суштински погледнеме се што претставуваме во Република Србија како Македонци оди преку обичниот македонски човек кои живи на овие простори а кои е здружен во некој од организациите, согледно тоа многу е битно Националниот совет да ги помага организациите па и Здружението „Св Кирил и Методиј„ од Нови Сад. Членувањето во Националниот совет секако придонесува одредени бенефити. Што конкретно членство во советот ќе донесе? Претседателот на Здружението „Св.Кирил и Методиј„ од Нови Сад Драгољуб Костовски додава:

Учествувањето во Националниот совет како член носи некој позитивни причини, но во секој случај сме на изворот на известувањата, на изворот на информациите, и така понатаму. Ние ќе учествуваме и во работата на сето тоа и мошне сне активни што е многу значајно, постоеше некој осет дека сне запоставени, посебно овој дел на Војводина, не се обраќаше многу внимание на нас од многу причини, но се знае кој е поблиску до таму, тој ги има и бенефитите. Јас сега лично очекувам да со своето учество дадам поголем придонес, да се зголеми бројноста на членовите, и да се зголемат активностите, да биде малку подруго него како беше.

По завршувањето на состанокот, членовите на оваа здружение имаа можност да поставуваат прашања директно на претседателот Величковски, така да ваквите посети се мошне значајни како за официјалните состаноци, така и за лични контакти и запознувањата со членовите.

Advertisement