Денови на македонската култура во Ниш 2017

Здружението на Македонците “ВАРДАР” од Ниш во галеријата на Нишкиот културен центар вчера, во чест на Денот на независноста на Македонија – 8 септември, свечано ја отвори културната манифестација “Денови на македонската култура во Ниш 2017“. На отворањето на културната манифестација присуствува голем број на Македонци и гости.

Во име на градот Ниш присуствуваше градоначалникот, председателот на градската општина Палилула – Ниш, заменикот на претседателот на градската општина Панталеј – Ниш, директорот на Нишкиот културен центар, претставникот на Управата за култура на градот Ниш, директорот на Агенцијата за иселеништво на Македонија, потпретседателот на Националниот Совет на Македонците во Србија, како и голем број на здружениа и пријатели на здружението “ВАРДАР”.

Advertisement