Македонски здруженија во Бугарија го слават Македонското востание (ФОТО)

Со народни собири Македонците од Пиринска Македонија го одбележуваат и Македонското востание, како што тие го именуваат Кресненското востание. Македонцското непризнато малцинство во Бугарија денеска одбележува и 142 годишнина од Кресненското востание, односно како што тие го именуваат Македонското востание. Со едноминутен молк во чест на востаниците, венци цвеќе на спомениците, со панихида и народни собири одбележан е овој празник на Македонците во Бугарија.

„Претставници на ОМО “Илинден”-Пирин, ОМО “Илинден”, Дружество на репресираните Македонци во Бугарија за време на комунистичкиот режим, Македонски дискусионен клуб, Правозаштитен комитет Толерантност, Дружество за заштита на индивидуални човекови права, Клуб антички Македонци, Друштво Сонце и Народна волја, одбележаа 142 години од Кресненското востание, чие што официјално име било “Македонско востание”, со панихида и поставивање цвеќиња и венци, говори и минутен молк пред спомениците во Кресна, Стара Кресна, Оштава”, напиша на својот фејсбик профил Стојко Стојков од ОМО “Илинден”-Пирин.

Advertisement