Tag Archives: мнр

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу во официјална посета на Македонија

На покана на министерот за надворешни работи Никола Димитров, на 15 и 16 јули 2019 година, министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, престојува во официјална посета на Република Македонија. На средбата меѓу двајцата министри беа разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји, како и за можностите за зајакнување на соработката во сите области ...

Read More »

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски на посета на Хрватска

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски кој престојува во Загреб се сретна со Државниот секретар за Европа во хрватското министерство за надворешни работи, Андреа Метелко Згомбиќ. Со оглед на тоа што состанокот се одржа во пресрет на гласањето за ратификација на НАТО протоколот за пристапување на Република Македонија во Северноатланската Алијанса обострано беше изразено задоволството што Република Хрватска е ...

Read More »

Захарова: Русија ја признава Република Македонија под нејзиното уставно име

Спорното прашање за името на Република Македонија треба да се реши на начин прифатлив како за Скопје, така и за Атина, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова. На брифинг за новинарите во Москва, таа повторно обвини за мешање на западните земји во решавањето на спорот, како што наведе, со единствена цел да го внесат ...

Read More »

Политички консултации помеѓу Министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Украина

На 22 јануари 2019 година во Киев беа одржани политички консултации помеѓу Министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Украина, предводени од државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски и заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Васил Боднар. Димовски и Боднар изразија заемно задоволство од позитивниот тренд и динамиката на билатералните односи и го ...

Read More »

Руското МНР: Прашањето за името мора да биде разгледано од Советот за безбедност на Обединетите Нации

На 11 јануари Собранието на Република Македонија гласаше за усвојување на измените на Уставот за преименување на земјата во согласност со Преспанскиот договор. Продолжува процесот на вештачкото преуредување на државното име наметнато од надвор со цел да се принуди Скопје да влезе во НАТО. Ова е спротивно на македонските закони. Се игнорираат позицијата на шефот на Република Македонија и мислењето ...

Read More »

Министерство за надворешни работи на Русија: Грубото мешање на САД и ЕУ во внатрешните работи на Македонија ги надминува сите граници

САД и државите од ЕУ на најгруб начин се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија, преку туркање на преименувањето на земјата во Парламентот, сметаат од руското Министерство за надворешни работи. „По неуспехот на референдумот на 30 септември, организиран со надеж да се добие сенародно одобрување на грчко-македонското „компромисно решение“, Вашингтон и водечките земји од ЕУ имаат намера да го ...

Read More »

МНР на Русија: Гласачите одлучија да бојкотираат наметнати решенија

Резултатите од преговорите помеѓу Скопје и Атина за преименувањето на Република Македонија треба да се дискутираат во Советот за безбедност на ОН. Ова се вели во коментарот на руското Министерство за надворешни работи во врска со референдумот во Македонија, кој се одржа на 30-ти септември. “Нашата принципиелна позиција останува непроменета: долгорочно решение може да биде најдено само од самите земји, ...

Read More »

Летниот камп „Ја сакам Македонија“ го зголемува заедништво меѓу Македонците од соседните земји на Македонија 

Летниот камп „Ја сакам Македонија 2018“ за децата Македончиња кои живеат надвор од матичната земја што го организира Министерството за надворешни работи на Република Македонија во Охрид го зголемува заедништво меѓу Македонците каде и да живеат. На овој традиционлен летен камп, учестваат повеќе од 80 ученици со македонско потекло од Албанија, Бугарија, Грција, Србија , Босна и Херцеговиа, Италија, Австрија ...

Read More »

Бушати: Албанија против корекции на граници и размена на територии

Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати, на попладневната средба со претставниците на политичките партии на Албанците од Прешевската Долина, ставил до знаење дека Албанија не ја поддржува идејата за промена на границите или размена на територии меѓу Косово и Србија. Во соопштението од средбата јасно се покажува дека официјална Тирана, ја гледа Долината и во иднина како дел од територијата ...

Read More »

Грчкиот амбасадор во Москва повикан на разговор во руското МНР

  Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го повикало на разговор грчкиот амбасадор во Москва. Во соопштението на Министерството се наведува дека на амбасадорот му бил пренесен одговорот на Русија на „непријателските активности што Атина ги изврши во текот на јули“. Грчките власти минатиот месец протераа двајца руски дипломати и на двајца други им забранија влез во Грција, ...

Read More »