На покана на министерот за надворешни работи Никола Димитров, на 15 и 16 јули 2019 година, министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, престојува во официјална посета на Република Македонија. На средбата меѓу двајцата министри беа разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји, како и за можностите за зајакнување на соработката во сите области од заемен интерес. Со ратификацијата на Пристапниот протокол за членство на Република Македонија во НАТО од страна на Парламентот на Република Турција е само потврдена блиската соработка и сојузништво меѓу двете земји кои сега и формално ќе бидат заедно во НАТО Алијансата.

Димитров: „Ние бевме сојузници од самата независност на државата, а со Ратификацијата го формализиравме тоа сојузништво во поширок евроатлантски контекст. Пристапувањето на Република Македонија во НАТО ќе ја помести државата надвор од регионалните процепи на несигурност и неизвесност и ќе овозможи побезбедна и попредвидлива перспектива.”
Министрите симбилично означија нов почеток во дигитализацијата на дипломатскиот архив на МНР, инаугурирајќи го Проектот за дигитализација поддржан од Министерството за надворешни работи на Турција, а финансиран од страна на турската агенција за соработка и развој – ТИКА.

Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
