Tag Archives: празник

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана за11-ти октомври денот на востанието на Република Македонија

Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви го честитаме 11-ти октомври денот на востанието на Република Македонија, да го почитуваме и славиме овој голем ден  – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.

Read More »

Голем празник, Успение на Пресвета Богородица

Утре е големиот верски празник, Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, а воедно овој ден е прогласен за неработен. Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица. Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави. Обично ...

Read More »

Поради македонскиот идентитет ни се оспорува правото на просперитет- обраќање на претседателот Иванов по повод Илинден

  Почитувани граѓани на Република Македонија, Почитувани потомци на нашите знајни и незнајни херои кои своите животи ги положија за татковината Македонија, Ви го честитам овој светол ден Илинден. Ден на светлината и слободата. Нашиот прв Илинден започна во херојско Крушево. Иако слободната република траеше само десетина дена, сепак, споменот за неа тлееше цели четири десетлетија. Сè до вториот, победоносен ...

Read More »

Православните христијани во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот ден Духовден

Православните христијани во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот ден Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите. На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитивите за покојните роднини и пријатели. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што ...

Read More »

Денеска е Спасовден – Вознесение Христово

Спасовден, или празникот на Христовото вознесување на небото е четириесеттиот ден од Воскресението. Господ во текот на 40 дена по своето воскресение им се јавуваше на учениците, зборувајќи им за царството Божјо. И откако им заповеда да не го напуштаат Ерусалим, туку да го чекаат слегувањето на Светиот Дух, тој ги изведе своите ученици во Витанија, ги благослови и се ...

Read More »

Претседателот на СДСМ го честита големиот празник 24 мај, денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј

Претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Зоран Заев им го честита на граѓаните на Република Македонија големиот празник, 24 мај – Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј и ден на словенската писменост и култура, во свое име и во име на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. „Со гордост и достоинствена почит го чествуваме денешниот ден, 24 мај – Денот ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес го честита 24 мај – Денот на семакедонските и сесловенските просветители солунските браќа Кирил и Методиј

  Светскиот Македонски Конгрес (СМК) на сите Македонци во светот и во татковината им го честита 24 Мај – Денот на семакедонските и сесловенските просветители, Денот на семакедонската и сесловенската култура и писменост, Денот на солунските браќа Светите Рамноапостоли Кирил и Методиј Македонците. Македонскиот јазик е македонскиот свет, границите на македонскиот јазик се границите на македонскиот свет, каде што е ...

Read More »

Меѓународен ден на трудот

  Меѓународен ден на трудот  кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, ...

Read More »

Засилени безбедносни мерки во Албанија

Поради велигденските празници се заоструваат безбедносните мерки во Албанија. Полицијата соопшти дека е составен посебен план во делот на зголемување на полициското присуство на целата територија на земјата, со цел спречување на евентуални напади со терористички карактер. Мерките се преземени со цел зачувување на редот и безбедноста на верските објекти и местата каде ќе се празнува Велигден. Зголемени се патролите ...

Read More »