Засилени безбедносни мерки во Албанија

Поради велигденските празници се заоструваат безбедносните мерки во Албанија. Полицијата соопшти дека е составен посебен план во делот на зголемување на полициското присуство на целата територија на земјата, со цел спречување на евентуални напади со терористички карактер. Мерките се преземени со цел зачувување на редот и безбедноста на верските објекти и местата каде ќе се празнува Велигден. Зголемени се патролите на патните правци, но и на шалтерите на граничните премини со цел да се избегнат долгите редови.

Advertisement