Tag Archives: смк

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ја осудува бугарската агресивна политика кон Македонците во Албанија за нивна асимилација

  Светскиот Македонски Конгрес (СМК) упатува најостра критика на бугарската агресивна политика кон Македонците во Албанија во обидите за нивна асимилација, посебно после донесувањето на законот за националните малцинства во којшто Тирана го вброи непостоечкото “бугарско малцинство“ во областите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора каде што живеат Македонци, под закана на Софија со вето врз преговорите на Албанија за ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес упатува честитка по повод празник 23 октомври денот на македонската револуционерна борба

  Светскиот Македонски Конгрес (СМК) упатува искрени честитки до Македонците во сите делови на Македонија и во целиот свет по повод државниот празник 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во македонскиот град Солун, Македонците д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, ...

Read More »

СМК упатува најостар протест до Владата и Парламентот на Албанија поради прзнавањето на Македонсите како непостоечко бугарско малциство

  Светскиот Македонски Конгрес (СМК) упатува најостар протест до Владата и Парламентот на Република Албанија за признавање на “бугарско малцинство“ во денес усвоениот Закон за заштита на националните малцинства, покрај осумте со пописна и историска верификација: Македонци, Грци, Роми, Власи, Еѓиптјани, Срби, Црногорци и Бошњаци, а под закана од Софија со вето за членство на Албанија во Европската Унија. СМК ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес изразува разочарување стопира донесувањето на Законот за националните малцинства во Албанија

    Светскиот Македонски Конгрес изразува разочарување од намерата на Владата во Тирана, после притисоците од Брисел и Софија, да го стопира донесувањето на Законот за националните малцинства во Албанија. СМК жали што Владата во Тирана не одолеа на софиските и бриселските притисоци за признавање на “бугарско малцинство” во Албанија, освен осумте со повеќедецениска пописна верификација: Македонци, Грци, Роми, Власи, Еѓиптјани, ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес најостро го осудува притворот на Едмонд Темелко

  Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро го осудува Специјалното јавно обвинителство поради изнудата пред Основниот суд Скопје 1 од политички побуди, за притвор од триесет дена на Едмонд Темелко, гадоначалник на општина Пустец во Република Албанија, со меѓународна потерница поради сомневање на околности што укажуваат на “опасност од бегство“, а под обвинение за “наводни изборни нерегуларности за локалните избори во ...

Read More »

Македонски манифест и Светскиот македонски конгрес по повод посетата на грчкиот шеф на дипломатијата во Скопје ќе организира мирен протест

„Македонски манифест“ и Светскиот македонски конгрес по повод посетата на грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕијас, утре во Скопје ќе организираат мирен протест. Протестот ќе се одржи пред Министерството за надворешни работи, при што организаторите имаат подготвено транспаренти. „Македонски манифест“ и Светскиот македонски конгрес вчера испратија и отворено обраќање до Владата и до парламентарната опозиција за семакедонската црвена линија за ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес го осудува агресијата на бугарија за асимилација на Македонците во Албанија

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува огорченост од престојната посета на бугарската министерка за надворешни работи и вицепремиер Екатарина Захариева на Албанија, во рамките на балканската турнеја во која што ќе патува и во Белград, Подгорица, Приштина и Сараево, при што официјално ќе побара властите во Тирана да признаат “бугарско малцинство“ во трите региони Голо Брдо, Мала Преспа и Гора, каде ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес ја отфрла намерата за заедничко македонско-бугарско чествување на Илинден на 2 август

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со индигнација ја отфрла изјавата и намерата на премиерот Зоран Заев од денешната средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов за заедничко македонско-бугарско чествување на Илинден на 2 август годинава во Крушево, за кога е најавено и потпишување на Договорот за добрососедство меѓу Македонија Бугарија, контраверзен во делот за положбата и правата на Македонците во Бугарија и ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес со индигнација ја отфрла малициозна изјава премиер на Албанија Еди Рама

  Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со индигнација ја отфрла денешната малициозна изјава на лидерот на Социјалистичката партија и премиер на Албанија Еди Рама, на Форумот на жените во Корча, минимизирајќи го бројот на Македонците во Албанија, наспроти Албанците во Македонија.СМК потсетува дека Македонците не живеат само во општината Пустец, туку и во областа Гора и во областа Голо Брдо, и ...

Read More »