Tag Archives: средба

Помошта од Народна Република Кина е значење за инфраструктурната модернизација на Македонија (ВИДЕО)

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со владината делегација денеска во Будимпешта оствари средба со Премиерот на Народна Република Кина, Ли Кечијанг и владина делегација на Народна Република Кина. Народна Република Кина е докажан пријател на Македонија, а нашите билатерални односи се исклучително добри и во таа насока очекувам плодна соработка помеѓу нашите две земји во иднина”, ...

Read More »

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев оствари средба со претседателот на Албанија Илир Мета

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со делегација на Република Албанија, предводена од Претседателот на државата Илир Мета, кој се наоѓа во дводневна посета на Македонија. Премиерот Заев, изразувајќи особено задоволство за посетата на високата делегација од Албанија, истакна дека средбата ги реафирмира принципите на добрососедство, заемно почитување и реципроцитет, посебно истакнувајќи дека во таа ...

Read More »

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оствари средба со претседателот на Албанија Илир Мета

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес (20 ноември 2017та година) заедно со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски оствари средба со претседателот на Република Албанија Илир Мета. На средбата се разговараше за македонско албанските односи, за актуелната политичка состојба и за стратешките приоритети на Република Македонија. Соговорниците ги реафирмираа заложбите за ...

Read More »

Претседателот на Република Албанија Мета во официјална посета на Република Македонија

  Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска беше домаќин на Претседателот на Република Албанија, г. Илир Мета, кој престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија. Двајцата претседатели на тет-а-тет средбата разменија мислење за можностите за унапредување на билатералните односи, за стратешките приоритети на двете земји во однос на интеграциите во НАТО и ЕУ, како и за состојбите ...

Read More »

Претседателот на Владата на Република Македонија освари средба со министерот за надворешни работи и европски прашања на Словачка

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, попладнето се сретна со министерот за надворешни работи и европски прашања на Република Словачка, Иван Корчок, придружуван од амбасадорот во заминување, Мартин Безак, како и идниот амбасадор, на Словачка во Македонија, Хенрик Маркуш. Ја имате нашата поддршка за членство во НАТО и интеграција кон ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија освари средба со министерот за надворешни работи на Црна Гора

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Црна Гора, г. Срѓан Дармановиќ. Двајцата соговорници изразија интерес за унапредување на севкупните билатерални односи меѓу двете земји и го поздравија континуираниот политички дијалог што укажува на традиционално пријателските односи меѓу Република Македонија и Црна Гора. Претседателот Иванов и министерот Дармановиќ се согласија дека ...

Read More »

Македонската делегацијa оствари средба со кралот и кралицата на Хунза

  Македонската делегација која престојува во повеќедневна посета на Македонската заедница во Хунза во пријателски Пакистан, вчера оствари средба со кралот Мир Газанфар Али Кхан и кралицата Рани Атика. Во состав на македонската делегација се: Ѓорѓија Џорџ Атанасовски претседател на Македонскиот Светски Конгрес од САД, истовремено и почесен претседател на Светскиот Македонски Конгрес; македонскиот музички виртуоз Горан Алачки; и претседателката ...

Read More »

Зелената партија од Албанија во посета на ДОМ

  Пратеничката Маја Морачанин, советниците во Град Скопје и општината Ѓорче Петров, Христа Најданов и Бојан Петровски од ДОМ, денеска остварија средба со претседателот на Зелената партија на Албанија и советник во градот Елбасан, Индрит Абдиај со потеколо од Голо Брдо и секретарот на партијата Ренато Хаџиај. На средбата беше разговарано за еколошките проблеми со кои се соочуваат Република Македонија ...

Read More »

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оствари средба со премиерот на Република Албанија Еди Рама (ВИДЕО)

На средбата се разговараше за македонско албанските односи, за актуелната политичка состојба и за стратешките приоритети на Република Македонија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски посочи дека е за отворена соработка со Република Албанија базирана на принципиелна основа. Во таа насока не помагаат различните документи како што е Тиранската Платформа која, како по формата во која беше промовирана, така и во ...

Read More »

Премиерот на Владата на Република Македонија вечерва се сретна со Премиерот на Република Албанија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев вечерва се сретна со Премиерот на Република Албанија, кој е во Скопје за Самит 100. Резултатите од изборите се ветар во грб за демократската агенда, како и поддршка на реформските политики што отвораат перспективи. Тие се победа на концептот едно општество за сите, што ги обедини граѓаните. Ќе направиме сè што треба ...

Read More »