Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп, кој престојува во посета на Македонија. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Турција, при што беше оценето дека тие се развиваат во духот на традиционално пријателство и партнерство, преку соработка во сите сфери од заемен интерес и преку реализација ...
Read More »Tag Archives: Стево Пендаровски
Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски на посета кај претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу
Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски денеска на плоштадот „Ибрахим Ругова“ во Приштина, на официјална церемонија со државни и воени почести беше пречекан од претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу, со што започна неговата официјална посета на Косово. Претседателот Пендаровски оствари тет-а-тет средба со претседателката Османи-Садриу, по што се одржа и пленарен состанок на македонската и косовската делегација. На средбите се разговараше ...
Read More »Претседателот на Полска, Анджеј Дуда престојува во официјална посета на Македонија
На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот на Македонија, Стево Пендаровски денеска го пречека претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда кој престојува во официјална посета на Република Македонија. Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации. Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Полска, европската интеграција на ...
Read More »Претседателот Стево Пендаровски освари средба со директорот на „Струшки вечери на поезијата“ и добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими Тодорче Тасевски, директор на „Струшки вечери на поезијата“, Владан Кречковиќ, добитник на меѓународната награда „Мостови на Струга“ и Лидија Димковска, добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“. На средбата, директорот Тaсевски го информираше претседателот Пендаровски за програмата и настаните во рамките на јубилејното 60-то издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Тој посочи дека ...
Read More »Средба на претседателот Пендаровски со командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт. На средбата се разговараше за досегашната успешна и плодна соработка меѓу Армијата на Македонија и Националната гарда на Вермонт, преку заедничкото учество во мировни мисии, реализацијата на заеднички вежби, едукација и обука на припадниците на двете армии. Соговорниците констатираа дека членството на Македонија во НАТО ...
Read More »Претседателот Пендаровски го прими Дејан Георгиевски, македонскиот олимписки вицешампион во таеквондо
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Дејан Георгиевски, кој на Олимписките игри во Токио освои сребрен медал во таеквондо. Претседателот Пендаровски честитајќи му го извонредното постигнување и освоениот медал на Дејан Георгиевски, истакна дека неговиот успех донесе огромна слава и радост за цела држава и претставуваше чин којшто ги сплоти сите граѓани. „Ви благодарам во името на сите граѓани што ...
Read More »Честитка од претседателот Пендаровски по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам
Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија. Почитуван реис-ул-улема хаџи хфз. Шаќир еф. Фетаху, Имам особено задоволство и голема чест, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од ...
Read More »Претседателот Пендаровски оддаде почит на гробот на Панко Брашнаров во Загреб
Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во официјална посета на Република Хрватска, на гробиштата „Мирогој“ во Загреб положи венец и оддаде почит на гробот на македонскиот револуционер и потпретседател на Президиумот на АСНОМ, Панко Брашнаров. Претседателот Пендаровски беше запознаен со напорите за враќање на посмртните останки на Брашнаров во родниот Велес. На спомен-плочата поставена од општина Велес е испишано „Животворниот извор ...
Read More »Средба на претседателот Пендаровски со Мими Кодели, претседателка на Комисијата за надворешна политика во Парламентот на Албанија
Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Парламентот на Албанија, предводена од Мими Кодели, пратеничка и претседателка на Комисијата за надворешна политика. Во делегацијата, беше и првиот пратеник од македонското национално малцинство во Албанија, Васил Стерјовски. На средбата претседателот Пендаровски посочи дека нашата држава има јасна определба за продолжување на меѓусебната соработка со Албанија преку отворен и конструктивен политички дијалог, како ...
Read More »Претседателот Пендаровски на аудиенција кај Папата Франциск
Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, кој престојува во посета на Италијанската Република и Светата Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, денеска имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск. На средбата беа истакнати одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Светата Столица, кои се темелат на длабоки историски врски, споделени духовни и културни ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden