
Театар “Скрб и утеха”, од 05 до 07 мај, 2021 гостуваше во Мала Преспа кај Македонците во Албанија. Беше одиграна претставата “Џамалари- Дионис”, на Тихомир Стојановски, пред гимназијата во Пустец, беа посетени Долна Горица, Леска, Зрновско, се снимаше документарен матријал за обредните форми во македонската култура, беа дарувани книги. Во претставата играат Страшко Милошевски и Тихомир Стојановски. Тоа е првиот дел од гостувањето, подржан од Министерството за култура на Република Македонија и Комисија за наука при УКИМ. Се планира гостувања во Голо Брдо, Тирана, Корча, Драч во соработка со Македонското друштво “Илинден”-Тирана.



Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden