
Шефот на швајцарската гарда, Кристоф Граф, изјави дека елитниот корпус кој ги штити папата и Ватикан е подготвен да се спротивстави на каков било терористички напад, по најновите закани што ги упати Исламска држава на Ватикан. Официјални лица стравуваат дека Ватикан е потенцијална цел на терористите, поради што безбедноста во градот е подигната на највисоко ниво од Светата година на милосрдноста, која привлекува голем број католици ширум светот. Главната улица што води до плоштадот Свети Петар е затворена за сообраќај и во околината има голем број униформирани лица.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden