Тирана домаќин на министерски состанок на SEECP

Тирана утре ќе биде домаќин на министерскиот состанок на SEECP се одржува во Тирана. Премиерот Еди Рама, најавувајќи го овој важен регионален состанок, ја нагласува посветеноста на неговата земја за унапредување на регионалната соработка и европската интеграција на Западен Балкан“

„Албанија, повторно во центарот на меѓународната дипломатија. На 16 јуни 2025 година, ќе се одржи Министерскиот состанок на процесот за соработка во Југоисточна Европа –SEECP. Нашата земја е целосно посветена на промовирање на напредокот на земјите од регионот кон интеграцијата во ЕУ“, напиша Рама.

SEECP го сочинуваат 13 земји учеснички, кои се и членки на Одборот на Советот за регионална соработка (РСС), Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија, Косово и Турција.

Процесот за соработка во Југоисточна Европа е важен политички форум насочен кон дијалог и соработка во Југоисточна Европа, со кој се заокружува успешната година на албанското претседателство под мотото „Обликување на нашата европска иднина“. Претседавањето со процесот Тирана од Скопје го презеде  за периодот јули 2024 – јуни 2025 година,  а сега ќе го преземе Софија, објави државната агенција АТА.

Процесот за соработка во Југоисточна Европа беше инициран во 1996 година за време на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите учеснички во Софија, додека првиот самит на се одржа на Крит во 1997 година.