ТМРО: Бојкотот на референдумот не значи заземање страна

ТМРО преку соопштение се огради од етикетите дека бојкотот на референдумот значи заземање проруска страна. Ставот за бојкот на консултативниот необврзувачки референдум, никако не значи заземање проруска страна и од секаква таква етикета ТМРО јасно и јавно се оградува. Македонски народ и македонска држава, рамноправно призната без уцени, со неутрален статус е оптималното решение .

ТМРО е со став, содржината на договорот со Грција да не се крие, да биде јавно континуирано објавуван на сите медиуми, јавни места и доставен во писмена форма до секој Македонец, зошто за македонскиот идентитет, противприроден блуд е да одлучува немакедонското малцинство во Македонија. За ваков историски чекор, не смее да има политичка двосмисленост од никого, но и Македонците треба да бидат запознаени дека би биле согласни со самопризнанието дека се откажуваат од своето културно историско наследство и континуитет како автохтон народ на овие простори, што дополнително ќе ги направи гости на овој простор и легитимна цел за територијални аспирации на околните народи во многу блиска иднина“, пишува во соопштението од ТМРО.

Според претседателот на партијата, Ванчо Шехтански, очигледно е присуството на методите на специјалната војна за збунување на народот, со цел да нема претстава за содржината и целта на играта, кои, како што вели, се со крајна цел затварање на македонското прашање.

Advertisement