ТМРО е против референдум за името

ТМРО е против референдум за името на кој би се изјаснувале сите жители на Македонија, бидејќи, како што велат од партијата, македонското име, јазик и идентитет се ексклузивно право на Македонците. Противприроден блуд, незапамтен во светската историја би бил референдум за изјаснување за името на еден народ, каде за тоа, со гласање би одлучувале немакедонци по род, односно други етнички заедници“, вели претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански. ТМРО, исто така ја повикува ВМРО-ДПМНЕ јавно да го повлече искажаниот  став за референдумско изјаснување за името на сите жители во Република Македонија, како антимакедонски чин на самопоништување.