ТМРО го поздрави изборот на Васил Стерјовски за пратеник во Собранието на Албанија

ТМРО го поздрави изборот на Васил Стерјовски за пратеник во Собранието на Република Албанија кој ќе ги застапува правата на над 150 илјади Македонци.

„Ова е прв пратеник кој јавно се декларира за Македонец и очекуваме да ги застапува правата на над 150.000 етнички Македонци во Албанија, кои досега немаа елементарни права. Очекуваме во брзо време да има реципроцитет помеѓу Албанија и Македонија во однос на правата на малцинствата, односно колкави права за Албанците во Македонија, толкави и за Македонците во Албанија”, изјави претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански.