
Бугарија без Македонија и Македонците нема историја. Затоа територијалните претензии на Софија кон неизживеаната романса Македонија. И ним далечни им се Татарстан, Кина и Монголија. На таа балон лажна историја кога и да е, ќе и’ дојде крајот. Само што балонот, нели, најсилно пука кога е најнадуван, како што е редот по законите на природата. Во Софија веќе од поодамна се формираат две историски школи. Домородната школа и’ ги бара корените на Бугарија, никаде на друго место, освен во Македонија. Не случајно велат, дека Египетската кралица Клеоптара од династијата на Птоломеидите, по потекло е Бугарка. Уште малку и ќе стигнат до вистината за Македонците и Македонија. За добро вино потребно е време за ферментација.
Но, да се вратиме на актуелната посета на Красимир Каракачанов на Македонија. Во Битола на 1 февруари 2020 година, исто како да се појави воскресението на Божидар Димитров за кој Бугарија е прататковина на вампирите. Е, па другарки и другари од СДСМ, тоа е “благодетта“ од Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година. Тоа е епилогот од сите воскреснати софиски врховисти, платеници или колаборационисти кои квачеле долго во инкубатор мислејќи дека им дошле петте минути за конечна пресметка со Македонците. Да не е смешо ќе беше жалосно… Кога само ќе ни текне како СДСМ протестираа пред споменикот на Тодор Александров во општина Кисела Вода.
Но, за појасни да бидеме… По налог на бугарскиот двор и Воениот сојуз чиј претседател е генерал Иван Русев, а негов претпоставен министерот за внатрешни работи на Бугарија генерал Иван В’лков, Ванчо Михајлов организира ликвидација на Тодор Александров на 31 август 1924 година, по што ја превзема ВМРО.
Накусо, т.н. “Воен сојуз“ бил единствена вистинска команда во Бугарија по државниот удар на 9 јуни 1923 година и убиството на бугарскиот премиер Александар Стамболиски на 14 јуни 1923 година од скопскиот војвода Величко Велјанов, член на ВМРО.
За да биде иронијата поголема, во Битола, врховистичкото здружение “Културен центар Ванчо Михајлов” на 1 февруари 2020 година беше домаќин на Красимир Каракачанов, министер за одбрана и потпретседател на владата во Софија, кој промовира книга за Тодор Александров и кажа дека Гоце Делчев е Бугарин.
Красимир Карачанов вели: “Гоце Делчев доаѓа од Кукуш во бугарско воено училиште. Не оди во Атина, Белград или Санктпетерсбург, туку оди во Софија. Со тоа напишал што е!“
За волја на вистината, Гоце Делчев прво отишол за упис на воено училиште во Белград, но оттаму го одбиле поради недоволна висина. Од Белград заминал во Софија. Но, не заради тоа што бил Бугарин, туку за да студира! Како што не отишол прво во Белград затоа што бил Србин! Гоце Делчев се родил и е убиен како Македонец. Гоце Делчев се борел за Македонија, никогаш за Бугарија! Секој компромис по ова прашање, во конструкција на нова политичка историја на Македонија по барање на Софија за воскреснување на руската креација Санстефанска Бугарија од 1878 година која никогаш не постоела, е крај за македонската историја и државата Македонија!
Еве една друга аналогија по логиката на Красимир Каракачанов: Ванчо Михајлов пред да влезе во ВМРО бил српски даночен инспектор во Штип, за време на српската колонизација во Македонија. Дали тоа значи дека Ванчо Михајлов бил Србин? По Красимир Каракачанов, како што суди за Гоце Делчев, би рекле: ДА!
…Во оваа папазјанија, охрабрувачки се огласи Сојузот на борците од Битола кој побара да не се дозволи промоцијата на книгата на Красимир Каракачанов во Битола.
“Од сознанијата што ги имаме, тој ќе зборува на тема што не одговара на интересите на Македонскиот народ. Ќе зборува дека ние сме бугарски Македонци, што е спротивно на нашите интереси и на сè она што ја гради нашата земја. Ние ја поведовме Народно ослободителната борба, а тие сакаат да прикажат дека доброволно дошле во нашата земја, а не како окупатори. Не сакаат да сфатат дека од 25.000 жртви во Македонија, во Втората Светска Војна, 90 проценти се загинати во борба со фашистичка Бугарија. Бараме да не се користи демократијата во други цели, кои се спротивни на нашиот интерес. Нека дојде во Битола, но не да зборува против македонските интереси“, – рече Александар Трајковски, претседател на Сојузот на борци од Битола.
Борците кога се потпиша Договорот Заев-Борисов уста не отворија, но добро е што на некои некогаш им текнува. За крај, Красимир Каракачанов и Радмила Шеќеринска се сретнаа во знак на добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Која перверзија…
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden