Трамп: Имам апсолутно право да споделувам информации со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп го бранеше своето „апсолутно право“ да споделува информации со Русија, што следи по расправијата во САД во врска со доверливи материјали. Трамп на Твитер напиша дек споделил „факти поврзани со тероризмот и безбедноста во авионите“, со што сакал Русија да стори повеќе против таканаречената Исламска Држава.

Тој минатата недела во Белата куќа се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Американските медиуми пишуваат дека Трамп споделил материјал кој му би даден од партнер кој не дал согласност да се споделува.

Но Трамп „твитна“:„ како претседател сакав да го споделам тоа со Русија , за што имам апсолитно право.  Од хуманитарни причини, плус затоа што сакам Русија значително да ја засили својата борба против терорисмот“. Извештај во „Вашингтон Пост“ вели дека американскиот претседател издал строго доверливи информации поврзани со заговор на Исламска Држава кој би се извел со помош на компјутери во авионите.

Advertisement