
Младата средношколка Сара Џелили Македонка од Требиште областа Голо Брдо ученичка од ОУТУ „Ванчо Питошески“ во прва година е наградена за нејзината поетска творба „Мојот град – моја инспирација“ под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски, на литературниот конкурс на јубилејната поетска манифестација „50 Детски Рацинови средби“ во организација на Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ и општина Велес. Да се добие ваква висока награда е голема чест и задоволство, пишувајќи за својот град, но особено затоа што станува збор за највисока детска поетска манифестација од државен ранг преку која се негува пишаниот збор како и ликот и делото на нашиот писател Кочо Рацин.


Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden