Триумф на македонската убавина во Кипар

Во Кирениа, Кипар викендов се одржа изборот на Мис Медитеранот 2017. Победничка е нашата претставничка, 16 годишната Евгенија Ризова од Скопје. Титулата Прва придружничка ја освои претставничката на Италија Раљел Домингос, а Втора придружничка е исто така од Македонија, Ивана Ѓеорѓиевска, 18 години од Скопје. И преостанатите две наши претставнички успеаја да освојат титули. Кумановчанката Ангела Спасовска 18 години ја освои титулата Мис Елеганс, а Катерина Бошковска 19 години од Скопје ја освои титулата Мис Персоналити.

Advertisement