ЦДУ ќе избира претседател кон крајот на април или почетокот на мај

Партијата на германската канцеларка Ангела Меркел, Христијанско демократската унија (ЦДУ) на конференција во Берлин на 25 април ќе го избере новиот партиски лидер, јавува германската агенција ДПА повикувајќи се на партиски извори. Извршниот комитет на ЦДУ се согласи на ваквиот потег, кој се уште треба да биде поддржан од партискиот национален одбор кој треба да се состане денеска. Партијата исто така треба да одлучи и кој ќе биде нивниот следен кандидат за канцелар на федералните избори што ќе се одржат следната година. Канцеларката Меркел, која е на власт 14 години, најави дека ќе се повлече од трката за таа позиција.

Advertisement