Центарот за информативна поддршка – Нов Контакт – Македонија потпишаа Меморандум за соработка со Македонско друштво “Илинден“-Тирана

 

Центарот за информативна поддршка – Нов Контакт – Македонија, од Скопје, преставуван од Претседател д-р Златко Николоски и Македонско друштво “Илинден“-Тирана, преставувано од Претседател г-дин Никола Ѓурѓај од Тирана, потпишаа Меморандум за соработка со цел заедничка промоција на македонските национални, традиционални и историски вредности (македонска култура, македонски јазик, традиции, фолклор) на национално и меѓународно ниво.

Двете Здруженија покажаа интерес да изградат партнерство во спроведување на конкретни проектни активности со намера да ги остварат заедничките цели преку реализирање на взаемни проекти како и со цел да спроведуваат истражување, креирање, развој и промоција на социо-културни и економски политики со посебен акцент на унапредувањето на образовниот, економскиот, културниот и општествениот статус на сите категории на граѓани (децата, младите и возрасните), Размена на деца и младинци како учесници во разни манифестации како и промовирање и поддршка на научни, културно-уметнички, спортски и хуманитарни активности и манифестации, информирање на македонските граѓани во дијаспората / иселеништвото, и македонскo малциство во соседните земји. 

Со цел на зајакната соработка помеѓу двете здруженија Центарот за информативна поддршка – Нов Контакт – Македонија, на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, донираше училишни помагала наменети за учениците во областа Голо Брдо во Албанија, и тоа: (македонска литература и граматика, лектири од македонски автори, букварки, боенки за помладите, прирачници за правилен македонски говор, македонски приказни, речници за македонски јазик, училишни ранци, пластични моливи, фломастери, тетратки, географски карти, блокови за цртање, читанки по македонски јазик и други училишни помагала).

Донацијата се реализираше со активност на Центарот за информативна поддршка – Нов Контакт – Македонија, Просветно дело АД. Скопје, преставувано од г-дин Павле Петров, како и со поддршка на нашите соработници и донатори, г-дин Александар Пасков од Monthey – Швајцарија, и г-ѓа Ана Ванчева од Сиднеј – Австралија, а во соработка со Македонското друштво ,,Илинден”-Тирана, преставувано од Претседател г-дин Никола Ѓурѓај.