Црна Гора членството во НАТО ќе ја чини 450.000 евра годишно

 

Членство во НАТО годишно ќе ја чини Црна Гора по околу 450.000 евра, соопштија од црногорскиот Совет за членство во Алијанста, отфрлајќи ги како неточни информациите што се пласираат во јавноста дека Подгорица како членка на НАТО ќе мора да плаќа по два отсто од својот бруто домашен производ.

Во соопштението на Советот се нагласува дека членството во НАТО носи два вида на членарина, која за Црна Гора ќе изнесува околу 450.000 евра годишно и давачки од домашниот буџет наменети за системот за одбрана, кои земјата ги има независно дали ќе биде членка на Алијансата или не.

Од Буџетот на Црна Гора за 2017 година за потребите на одбраната се предвидени околу 50 милиони евра, од кои само околу пет милиони се од сопствени приходи.Тоа значи дека членарината од 450.000 евра е апсолутно прифатлива и остварлива, се наведува во соопштението.

Според Советот, инсистирањето на централата на НАТО и пред се на САД, секоја земја членка да ги зголеми троошоците за одбрана на ниво од два отсто од својот БДП, всушност се однесува на средства наменети за сопстевната одбрана на секоја држава, а не за буцетот на Алијансата.

 

Advertisement