
Делегација на Црвен крст на Република Албанија на 25 април 2018 година оствари посета на Црвен крст на Република Македонија. Делегацијата е во состав: г.дин. Ули Алуши , претседател, Проф.Др. Шукури Субаши – почесен претседател, г.дин. Артур Катучи, генерален секретар, г.ѓа. Елветина Стило – заменик генерален секретар. Делегацијата го пречека Преседателот на Црвен крст на Република Македонија проф-др Ромел Велев, генерален секретар Саит Саити и раководител на секторот за програмирање Сашо Талески.
За време на посетата стана збор за продлабочување на соработката на двете национални друштва на национално и локално ниво. Исто така беше потпишана платформа за соработка во различни програмски дејности на двете национални друштва. Двете национални друштва имаат потпишано договор за билатерална соработка во 1998 година.
За време на престојот се посети Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Република Македонија и општинска организација Чаир, каде беа презентирани неколку активности на националното друштво како, Дневен Центар за крводарителство, Дневен Центар за стари лица, Центар за бездомници и Логистички Центар на ЦКРМ.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden