Туск зборуваше на македонски: Ја имате мојата безусловна поддршка и јас верувам во вас (ВИДЕО)

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на заедничката прес – конференција со премиерот Зоран Заев се обрати на македонски јазик и порача дека ЕУ останува најголемиот партнер на Македонија. Тој порача дека ЕУ ќе и помогне на земјава за членството во ЕУ, во реализацијата реформите. Според него важно е што има политички консензус за членството во ЕУ и НАТО и ја има решителноста народот.

Разговаравме и за регионалната соработка и соседските односи, со Бугарија докажавте дека кога постои волја да се надминат духовите од минатото постои начин да се оди кон иднината. Се надевам дека истото ќе го направите и со Грција. Ја имате мојата безусловна поддршка и јас верувам во вас“, порача Туск. Туск заедно со седум претседатели и еден премиер ќе бидат дел од  процесот Брдо-Бриони чиј што домаќин е претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов.