У21: Стартува ЕУРО 2017, Македонија дел од шампионатот

Со двата натпревара што се играат денеска од А групата стартува Европското првенство во фудбал за играчи до 21 година. За првпат на едно фудбалско натпреварување на завршницата ќе настапи и Македонија.

Нашата селекција е во групата Б заедно репрезентациите на Шпанија, Србија и Португалија. Во групата А денеска се играат дуелите: Шведска – Англија (почеток 18 часот) и Полска – Словачка (20:45 часот).
Дуелите од групата Б од првото коло се играат утре: Португалија – Србија (почеток 18 часот) и Шпанија – Македонија (почеток 20:45 часот). Во Ц групата во првата рунда играат: Германија – Чешка (почеток 18 часот) и Данска – Италија (почеток 20:45 часот).
Пласман во следната фаза (полуфинале) ќе обезбедат првопласираните селекции од групите и најдобрата второпласирана селекција. Финалето се игра на 30.јуни во Краков.
Advertisement