Уапсени четири лица во врска до грабежот на аеродромот во Тирана

Албанската полиција соопшти дека уапсила четворица осомничени за грабежот на пет милиони евра на меѓународниот аеродром во Тирана. Во соопштението се наведува дека три лица биле уапсени во Елбасан, додека четвртиот осомничен е пронајден во Круја. Претходно овој месец сторителите ги украле парите кога биле натоварени во авионот на австриска авиокомпанија. Еден од ограбувачите беше убиен во престрелка со огнено оружје со полицијата, а парите сè уште не се пронајдени.

Advertisement