Убавините на Преспа идеално место за одмор

 

Ако сакате вистински одмор, ако сакате да уживате во вистинска природа, а сепак сакате да поминете евтино, тогаш областа Преспа е идеално место за вас. Восхитен од природните убавини што ги нуди Преспа, еден посетител, пред години своето задоволство од престојот покрај Преспанското Езеро го изрази токму со оваа реченица: “Овде и тишината доаѓа да се одмори”.

И така остана и ден денес, природните убавини на Преспа секогаш привлекуваат. Преспа во претстојната летна туристичка сезона, своите гости ќе ги дочека со нови уредени плажи – Стење, Сливница, Долно Дупени, Претор, Отешево, Зрноско, Пустец.

Преспа само по себе е многу скромна, а сепак многу богата. Убава, природна. Секој оној кој ќе дојде еден пат, со сигурно дека таму ќе се врати пак. Пристојни цени, убави плажи, место за вистинско уживање и вистинско одмор. Доколку не сте ја посетиле Преспа досега, тоа мора да го направите оваа лето, сигурно сме дека ќе уживате во она што ќе го видите и почувствувате таму.