Убиен водачот на албанските џихадисти Абу Абдулах ал-Косова

 

Во бомбардирањата во Мосул убиен е Лавдрим Мухаџери, познат и како Абу Абдулах ал-Косова, водачот на албанските џихадисти во Сирија и Ирак. Дваесет и деветгодишниот Мухаџери, по потекло од Качаник, заедно со Билал Хаќифи, исто така од Косово, биле убиени во полноќни бомбардирања на седми јули, од страна на америкаските авиони, јави „Тирана опсервер“.

Во изминатиот период повеќепати излегуваа информации дека Мухаџери е убиен, но тој повторно се појавуваше. Сегашната вест за смртта на „Касапот од Качаник“ ја потврдило и неговото семејство во Качаник за електронското издание на приштински „Експрес“ Косовската полиција потврди дека има информации за убиен Косовец, но нема потврда дека тоа е Мухаџери. Пред да замине во редовите на „Исламска држава“, тој работел во американската база Бондстил во Косово.

Advertisement