Укинат задолжителниот карантин за лицата кои од Македонија влегуваа во Албанија

Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата попладнево ја укина одлуката за задолжителен двонеделен карантин за сите лица кои од Македонија и од Грција влегуваат во Албанија.
Освен укинувањето на задолжителниот карантин за лицата кои влегуваа во нашата земја од Македонија и од Грција, што беше воведен на 20 април,  комиетотот врз основа на барањето на Министрството за образование, млади и спорт дозволува отворање на универзитетите но само за консултации и сезоната за испити, но со строга примена на протоколите и мерките за заштита,  инфирмираше Огерта Манастирлиу министерка за здравство и член на комитетот.
Според неа сите други ограничувачки мерки остануваат во сила, како што е и забраната за групирање на повеќе од 10 лица, како и полицискиот час кој и понатаму ќе трае од 22 до 6 часот. Задржувајќи се на процесот на имунизација против Ковид-19 Манастирлиу рече дека до сега во земјата пристигнати се 748.400 дози вакцини од Астра Занека, Фајзер, Синофарм и Спутник В.
Со вакцинација се опфатени 537 илјади лица  при што над 100 илјади ги примиле и двете дози. Посочи дека во последните седум дена вакцина примиле околу 100 илјади лица и нагласи дека со несмалена динамика процесот продолжува и понатаму. Епидемиолошката  состојба ја оцени како стабилна а вакцинацијата, рече таа, услови намалена смртност меѓу заболените.