Улогата на западните земји во воените конфликти на Балканот

 

Две основни прашања за кои беа загрижени креаторите на американските политики во Втората светска војна беа, прво евентуалната нуклеарна војна меѓу тогашните супер сили и евентуалната окупација на земјите од западен Балкан од страна на тогашниот Советски сојуз. Како што беше случај и во останатите региони во светот двете тогашни супер сили внимателно ги следеа потезите на другата страна и на Балканот. После  крахот на студената војна Америка беше во ситуација да се справи со сопствените политички и економски проблеми и немаше повеќе потреба од тампон зона на Балканот која беше Југославија.

Кога во 90’тите години од минатиот век Југославија влезе во период на распаѓање, Америка не се интересираше премногу со кризната ситуација на Балканот и даваше пораки во стилот на тоа дека Европа би требало повеќе да се ангажира околу војната во Југославија. Дури од средината на 1992 година Америка започна да ги критикува босанските Срби и Белград , но и овие критики не отидоа подалеку од обични реторики.

Во поечетокот и Америка и европските држави контактираа со Белград и со феделаните власти. Целта на Западот беше да се заштити територијалниот интегритет на Југославија а земјата да се оориентира кон западен тип на демократија и да ја прифати пазарната економија. Но со се подлабоките јазови кои што се појавија на просторите на поранешна Југославија , врските меѓу федералните единки стануваа се послаби така да се отиде на спроведување на идејата за лабава конфедерација. Но Србија беше против таа идеја. Врз основа на тоа Западот започна со следење на политика на  признавање на независност на секоја југословенска република која ќе сакаше да се отцепи од федерацијата СФРЈ.Сепак и покрај сите прекини на судирите , сите ултиматуми до завојуваните страни, и сите економски и воени ембарга над Југославија не беа доволни да се спречи војната која ќе траеше доста долго .

Постоеја длабоки разлики во ставовите меѓу западно европските држави во однос на воениот конфликт на просторите на поранешна Југославија. Германија инсистираше на признавање на Словенија и на Хрватска со кои има доста блискости и сличности од историјата. Франција и Британија кои стравуваа од можната експанзија на влијанието на Германија на Балканот изразуваа симпатии кон Србија. Германија беше страната која победи во оваа трка. Без почитување на условите кои ги постави Бадинтеровата комисија Германија ги призна Словенија и Хрватска како независни држави. По кусо време и останатите европски држави го сторија истото. Кон европските држави се приклучи и Америка.

Босна и Херцеговина беше една од екс југословенските републики кои беа признати како независни држави, но за жал оваа држава се соочи со крвава војна. За време на вонјната во БиХ Америка неколкупати ги осуди етничките чистења на Србите над Муслиманите.

Најголем проблем за западните земји беше можноста воениот конфликт од поранешните југословенски територии да се префрли и на другите балкански и европски држави. Во една таква ситуација би се замешале Бугарија и Грција . Поради постоење на една ваква опасност во 1993 година во Македонија која не беше вовлечена во воениот конфликт беа поставени мировници.

Америка во 1994 година го промени својот став кон војната во БиХ. Како резултат на тоа Америка замижи пред испраќањето оружје до муслиманите во Босна преку Хрватска. Дури во тој период и покрај постоењето на ембарго за оружје на ОН, и самата потајно ги вооружуваше босанските муслимани, но не само муслиманите во Босна туку и Хрватите против Србите. На пример американски професионални војници обучуваа хрватски војници за да им се спротивстават на српските војници во Краина.

Војните во просторите на поранешна Југославија после јасното изјаснување на Америка беа окончани со Дејтонскиот мириовен договор на 21 ноември 1995 година. Може да се каже дека масакрот и геноцидот во Сребреница беше причината американците јасно да се изјаснат за војната во Бих .Имиџот на ОН во светски рамки беше осетно загрозен .Вториот фактор беше во врска со кредибилитетот на НАТО. НАТО сојузниците 3 години дискутираа за тоа што да се преземе против Србите, но без конкретен одговор на прашањето.

Дејтонскиот мировен договор стави крај на сите воени дејствија во БиХ и во Хрватска. Но се до крајот на 2001 година западните земји се соочија со воени дејствија како во Косово,така и во југот на Србија и во Македонија.За разлика од порано западните земји тогаш беа многу поефикасни и со заеднички став, така да без ескалирање на воените конфликти беа изнајдени решенија.

Advertisement