Унгарија: Мајките на 4 деца ќе бидат ослободени од данок на приход

Жените кои првпат ќе се омажат после 40-та ќе можат да конкурираат за субвенциониран заем од 10 милиони форинти (36.000 долари). Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, најави дека неговата влада значително ќе ја зголеми финансиската помош и ќе им олесни на семејствата со повеќе деца, а тоа ќе вклучува и ослободување од плаќање данок на приход. Орбан рече дека од данокот на приход доживотно ќе бидат ослободени жените кои ќе родат најмалку четири деца.

Новите мерки би требало да ги поттикнат жените да раѓаат повеќе деца и така да запре трендот на намалување на бројот на жители во Унгарија. Орбан наведе дека таквата политика претставува одговор на Унгарија на негативните демографски трендови, а не на миграцијата. Жените кои првпат ќе се омажат после 40-та ќе можат да конкурираат за субвенциониран заем од 10 милиони форинти (36.000 долари).

„Третина од долгот ќе биде простена во случај на второ дете, а за трето ќе биде целосно избришан. Тоа е одговорот на Унгарија, не имиграцијата“, додаде Орбан.

Advertisement