Успешна првата трансплантација на срце во Македонија

Во раните утрински часови, околу 02 после полноќ започна да чука првото трансплантирано срце во градите на 54 годишен пациент. По шест часа операција, лекарскиот тим го разбуди првото трансплантирано срце во период кога здравството се соочува со пандемија од коронаравирус.

Трансплантацијата беше извршена Државната кардиохирургија, а ја извршија заеднички тим од кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев (Државна Кардиохирургија), Жан Митрев (Клиника Жан Митрев) и Александар Николиќ (Клиника Систина) и Маја Мојсова анестезиолог (КАРИЛ).

Трансплатацијата успешна! Ова е огромен успех на македонското здравство. Честитки до сите колеги, напиша на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче и објави фотографија од мониторот на кој се чита отчукувањето на срцето во градите на пациентот.