Вардар го декласира Фленсбург во Јане Сандански

 

Вардар се пласираше на Ф4 турнирот во лигата на шампионите. Во реванш натпреварот на домашен терен го декласиравме Флензбург со 35-27 (15-10) и во четвртиот обид стигнуваме мешу четирите најдобри екипи во Европа.Како се приближува крајот на лигата на шампионите така Вардар игра сѐ подобро, поубаво и доаѓаат резултатите што ги очекуваме и посакуваме. По победата од 26-24 на првио тмеч во Германија, на реваншот во Скопје не само што триумфиравме, туку и му одржавме ракометна лекција на Флензбург, кој заминува со втор пораз сезонава од Вардар.

Убаво беше вечерва да се биде во салата во СЦ „Јане Сандански”, да с епочувствува атмосферата, адреналинот на трибините и меѓу играчите. Сите размислуваа само за едно, за победа и за пласман во Келн. Она што четири години го чекавме, на што се надевавме и работевме напорно. И се беше како што посакувавме, одбраната беше одлична, Штербик и Милиќ на ниво, а нападот разновиден, убоит и пред сѐ ефикасен. Тренерот Раул Гонзалез не дозволи ниту за миг противникот да се понадева дека може да биде макар и блиску до ситуација од која може нешто да стори, и да ни ги помати сметките.